Повторно дојави за бомби во 14 училишта во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Неколку училишта во Скопје од утрово повторно се евакуираат, откако на електронските адреси пристигнала закана за поставени бомби. 

Полицијата е на терен за безбедно да ги евакуира учениците и персоналот и да ги провери објектите.

Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 14 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Вчера имаше дојави за поставени бомби во 86 скопски училишта и едно прилепско. Сите дојави беа лажни.