Дојава за бомба испразни и 11 училишта во Скопје


Покрај на адресите на повеќе институции, судови, музеи, трговски центри и објекти во Скопје, меѓу кои и на претседателската вила на Водно, утрово, стигнале закани за подметнати експлозивни направи и до 11 скопски училишта.

 

Како што потврди Министерството за внатрешни работи, во тек се антитерористички проверки.

-Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на Претседателот-Вила Водно, х. Мериот, х. Александар Палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ.  Исто така добиена е пријава за упатена закана и од 11 училишта во Скопје.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.