Зоолошката во Скопје, утре, организира хуманитарен настан за Турција и за Сирија


Во сабота 25.02.2023 година од 12 часот во ЗОО Скопје ќе се одржи хуманитарен настан со наслов „Со љубов од Скопје ЗОО за Турција и Сирија”. Оваа сабота со поддршка од Градот Скопје, во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за помош на настраданите семејства во земјотресот во Турција и Сирија. Да ја […]

Изградбата на спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци е во завршна фаза


Градежните работи за изградба на Спортскиот центар „Иван Илиев“ во Стајковци влегуваат во завршна фаза. Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Стајковци каде што изврши увид на градежните работи за изградба на спортскиот центар „Иван Илиев“. Во рамки на спортскиот комплекс се гради нов спортски терен за кошарка, додека комплетно се изврши […]

Герасимовски: Инсталираме централи со моќност од 2.44 мегавати, поврат на инвестицијата е 4,5 години


„Енергија Центар“ е називот на трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори чие формирање го изгласа вчера Советот во Општина Центар. Станува збор за општинско претпријатие кое ја овозможува и олеснува процедурата и постапката за инсталирање на поголеми фотоволтаични системи на јавните објекти, односно основни училишта, детски градинки, урбани заедници […]

Тројца каснати од кучиња


Три лица вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од улични кучиња. Најпрво во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Н.П.Г.(35) од Скопје пријавила дека во населбата Маџир маало била касната од куче скитник. Потоа во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.К.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник. Последниот […]

Исчистена обемна депонија кај комплексот факултети


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и во текот на денешниот ден ја спроведува акцијата за генерално чистење на поширокото централно градско подрачје. Екипите на претпријатието вршат рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“ и „Никола Карев“, како и на кејот „Димитар Влахов“. Во рамките на акцијата досега беа подигнати […]

Артефакти пронајдени кај Скупи на место каде што ќе се гради петкатница


На улицата „Скупи“ бр. 57-67 во Карпош за време на копањето за нова петкатница бил пронајден археолошки локалитет, а веќе се ископани артефакти од 3 и 4 век. Државниот градежен инспекторат поставил жолта лента кај археолошкиот локалитет, каде што се вршат ископувањата по кои теренот може да се расчисти за изградба на објектите, објави „ТВ21“. […]

Градоначалникот на Гази Баба остро кон властите по повторната дојава за бомби во училишта


Во објава на својата официјална страна на фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се јави со остра реакција по повод пристигнувањето на нови дојави за бомби. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша: „Ме информираа дека се пристигнати дојави за поставени бомби во ООУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Стив Наумов“ и ООУ „Наум Охридски“. Од […]

Повторно дојави за бомби во 14 училишта во Скопје


Неколку училишта во Скопје од утрово повторно се евакуираат, откако на електронските адреси пристигнала закана за поставени бомби.  Полицијата е на терен за безбедно да ги евакуира учениците и персоналот и да ги провери објектите. Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 14 училишта во Скопје е упатена закана за поставена […]

Општина Центар ќе формира јавно претпријатие за производство на струја – „Енергија Центар“


На денешната 20-та седница на Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот, Горан Герасимовски, советниците ја донесоа Одлуката за основање трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, или со скратен назив, „Енергија Центар“. Со реализацијата на овој проект, општината ќе биде електроенергетски независна и самоодржлива и во нејзиниот развој […]

Во сите основни училишта во Ѓорче Петров и во Гази Баба има дојава за бомба


Дојави за бомби денеска има и во сите основни училишта во Ѓорче Петров. Градоначалникот Стојкоски на својот фејсбук профил објави дека се спроведени протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар. „Во сите општински основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби. Спроведени се протоколите за евакуација на учениците и цел […]

Каблите на „Ленинова“ ќе бидат подземни, за да не се испреплетуваат во крошните на дрвјата


 Градежните зафати на улицата „Ленинова“ течат со интензивна динамика. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид при поставувањето на атмосферската канализација која досега не постоеше. -Во моментов за првпат се поставува атмосферска канализација во должина од 516 метри која досега улицата „Ленинова“ ја немаше и поради која често имаше поплави. По ова ќе […]

Седум основни училишта во Центар се евакуирани


Дојави за бомби во седум од осум основни училишта во Центар. На електронските пошти на основните училишта во Центар, ООУ „Ј.Х. Песталоци“, ООУ „Коле Неделковски“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ “Гоце Делчев“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Кочо Рацин“ стигнала порака за поставена бомба.   Единствено нема потврда за ООУ „Киро Глигоров“ во […]

И ова утро дојави за бомби во училиштата во Скопје


Евакуација на учениците и на персоналот се врши во скопското средно училиште „Владо Тасевски“, откако утрово повторно, по кој знае кој пат, добиле дојава за поставена експлозивна направа во објектот.  Вчера, пак, во ова училиште не стигна ваква дојава, иако имаше во други училишта, но и во институции, меѓу кои и председателската палата, музeи, хотели, […]

Се чисти и уредува поширокото подрачје во центарот на Скопје


Се чистат и се засадуваат зелените површини во центарот на Скопје, во едновремена акција на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“. ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје соопшти дека од денеска почна со голема акција за чистење на јавните површини во центарот на градот. – Од денес теренските екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ […]

Автокоманда ќе добие зонско паркирање


Општина Гази Баба сака да стави крај на сообраќајниот хаос во Автокоманда, па поради тоа се планира воведување на зонско паркирање. Проектот вечерва ќе биде презентиран во 19.00 часот во Домот на културата „Димитар Влахов“, по кој ќе бидат познати повеќе детали, иако „Вечер“ веќе објави како ќе се движат цените. Жителите на Автокоманда ќе […]

Лајка: Нема ништо поштетно од партиското препукување место решавање на проблемите


  Речиси секој ден се регистрираат нови напади од улични кучиња низ скопските улици, а само за минатата година градот Скопје исплатил 10 милиони денари како отштета на граѓани кои биле каснати. Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски за „Студио 10“ вели дека Министерството за внатрешни работи (МВР) мора да ги засили контролите, затоа што […]

Дојава за бомба испразни и 11 училишта во Скопје


Покрај на адресите на повеќе институции, судови, музеи, трговски центри и објекти во Скопје, меѓу кои и на претседателската вила на Водно, утрово, стигнале закани за подметнати експлозивни направи и до 11 скопски училишта.   Како што потврди Министерството за внатрешни работи, во тек се антитерористички проверки. -Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси […]

Денеска без вода делови од Кисела Вода и Матка


Поради премостување од стара на нова мрежа на ул. „Димо Хаџидимов“ и ул. „Михаил и Ефрихиј“ во Кисела Вода, денеска прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците од овие улици. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 9 часот до завршување на дефектот. Поради уличен […]

Без вода дел од Центар и Ѓорче Петров


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје  известува дека денеска, од 10:00 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „8-ма Ударна Бригада“ во општина Центар, а од 17:00 часот, дел од улица „Алексо Демниевски“ во Ѓорче Петров. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок Ф 100мм. на улица „Максим Горки“ 7. […]

Утре без вода улиците „Дамаска“, „Прашка“ и „Букурешка“


Поради дефект на приклучна цевка ф1“ на улица „Дамаска“ број 11б, утре без вода ќе бидат корисниците на оваа и дел од улиците „Прашка“ и „Букурешка“, гимназијата „Нова“, основното училиште „Нова“ и градинката „Нова“. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на дефектот.