Еко модна ревија за дочек на пролетта во ООУ „Лазо Ангеловски“


Учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ беа домаќини на еко модната ревија, на која учествуваа 180 деца од сите училишта во Аеродром.

Костими изработени од ќеси за отпад, хартија, стари дискови, картон и друго, храбро носеа денеска децата од аеродромските училишта. 

На радост на децата, но и на родителите, наставниците, модната ревија успешно се организира во аулата на училиштето. 

На овој начин, децата учеа за рециклирање и реупотреба и дека секој материјал може да се искористи повторно. 

Во продолжение погледнете ја галеријата: