Поради дефекти без вода корисниците од неколку скопски улици


Поради два улични дефекта на водовдна цевка ф100мм. на улица „Модест Мусоргски“ раскрсница со „Лајош Кушут“ прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Модест Мусоргски“, „Андри Барбис“, „Карл Либнехт“ и дел од „Карл Хрон“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15.30 часот до завршување на санацијата на дефектот.