ДКСК со иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе одлука за покренување иницијатива до надлежното Основно јавно обвинителство за поведување кривична постапка против градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и овластен градежен инспектор поради основано сомнение за „злоупотреба на службена положба и должност“. Антикорупционерите сметаат дека постои основано сомневање дека со непостапување на градоначалникот на […]

Дојави за бомби во неколку училишта во Скопје


Денеска, првпат по почетокот на второто полугодија повторно има дојава за поставени бомби во скопските училишта.  Евакуирани се гимназијата „Орце Николов“, како и „Владо Тасевски“, според ученици и вработeни во овие училишта.  Полицијата е на терен, ги евакуира учениците и вработените и ги проверува објектите за евентуално подметнат експлозив.  Како што соопшти полицијата, денеска, околу […]

Граѓани протестираа кај Автокоманда против новите услови во системот на греење


 Граѓани попладнево протестираа кај кружниот тек од Автокоманда поради тоа што според новите промени во системот на греење ќе имаат парно греење од 6 до 22 часот, а не како досега 24 часа. Протестот траеше од 16 до 18 часот, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека протестот бил најавен и дека во овој […]

Од денеска посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска (02.02.2023, четврток) од 18.00 часот, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 04.02.2023 (сабота) во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото […]

Напредува изградбата на градинката „Пролет“ во Центар


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски изврши увид во градежните работи на градинката „Пролет“ која е прва градинка во истоимената населба и прва градинка по цели 50 години во Општина Центар. Се информираше за текот на градежните зафати и напредокот на самата градба.  „Одлично се одвива динамиката за изградба на најмодерната градинка во Општина Центар, […]

„Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“- промоција на публикација на Ѕвездан Георгиевски


Асоцијација на независна културна сцена, на 3 февруари (петок), во 10:30 часот, во КСП Центар Јадро, ќе ја промовира публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски. Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го […]

Граѓаните на Автокоманда топлинска енергија ќе добиваат преку ЕСМ Снабдување


Откако денеска, градоначалникот на Општина Гази Баба јави дека дека е во тек процес поврзан со промена на снабдувач со топлинска енергија на домаќинствата во Автокоманда, за кои дознал во декември, па побарал средба, но никој не го повикал, ЕСМ објаснува каква промена настанала. „Од 01.02.2023 година согласно Одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика […]

Ќе се проширува малиот и опасен пешачки остров во Аеродром


По дојава на граѓаните на 112 и активната иницијатива во Центарот за управување со кризи почна решавање на навидум мали работи, а всушност големи за сообраќајната безбедност на граѓаните во конкретна урбана средина. – Конкретно, по алармирањето на граѓаните на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по пешаци и велосипедисти заради […]

Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП


Од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје, соопштија од ова јавно претпријатие. Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна […]

Автобусите стојат, решение нема, Арсовска не сака да разговара, вели директорот на „Макекспрес“


  Ситуацијата со приватните автобуски превозници е блокирана, решение нема на повидок, вели директорот на здружението „Макекспрес“, Милорад Димитријевски, во разговор за „Независен“. Тој нема идеја кога би можел да дојде крај на оваа неизвесност. Според него, контролите што беа направени од УЈП покажале дека наодите кај нив биле во ред. Димитриевски вели дека имал […]

Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски


Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз во Скопје или во кој било друг град во државата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“ што се одржува втор ден во Скопје. Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу ситуацијата со приватните превозници и Град Скопје, рече дека се работи […]

Училиште од Ѓорче Петров доби техничка опрема преку која ќе учат за важноста на животната средина


Градоначалникот на Ѓорче Петров денеска заедно со преставниците од GLOBE го потпишаа Договорот за трајно користење на опремата за спроведување на GLOBE Програмата, светски проект според кој учениците учат за важноста на животната средина преку секојдневни мерења и набљудувања. -ООУ „Мирче Ацев“ е едно од 27 – те основни и средни училишта во државата што […]

Арсовска стави клуч на салата, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат по улици и паркинзи


Вистинска голгота преживува ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров од истоимената скопска населба откако во вториот дел од ракометната македонска прва лига останаа без сала за своите тренинзи и натпревари. Спортската сала во средното училиште „Кочо Рацин“ која со години ја употребуваа, веќе не им е достапна, откако градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје решија да […]

Арсовска сменета од функцијата во ЗЕЛС, нов претседател Орце Георгиевски од Кисела Вода


Неочекувано, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовск,а ја изгуби една од најважните функции во државната локална самоуправа – претседателка на ЗЕЛС. Таа денеска е разрешена од претседателка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) со едногласна одлука на Управниот одбор. Барањето за нејзино разрешување стигна од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а предлогот нејзин наследник […]

Другата недела приватните превозници повторно ќе ги блокираат крстосниците во Скопје


Приватните превозници повторно најавуваат протести и блокади на градот ако Град Скопје и ЈСП „Скопје“ не го исплатат долгот кон нив од 1,5 милиони евра. Денеска тие протестираа пред седиштето на ЈСП, барајќи средба со директорот Александар Стојковски, но тој бил на состанок во Град Скопје, по што превозниците се упатија кон Град Скопје за […]

„Пајакот“ крена 123 паркирани возила во Центар


ЈП ПОЦ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 245 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 23.01. до 29.01.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се […]

Приватните превозници ќе протестираат пред ЈСП


  Дел од приватните превозници од девет часот денеска ќе протестираат пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Тие ќе бараат средба со директорот на ЈСП, а подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата. Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА рече дека по одржаниот состанок на лица од двете компании […]

Протест на приватните превозници утре пред ЈСП во Автокоманда


Дел од приватните превозници најавуваат протест за утре од девет часот пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА вели дека вчера се одржал состанок на лица од двете компании, на кој е одлучено да се протестира во текот на утрешниот ден. Како што нагласи Халили, целата работа околу […]

Шанса за Центар: Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта и мазут   


Празните муабети, декларативните заложби и фрази за загриженост што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе, порачаа од Шанса за Центар, кои тврдат дека се уште над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта и мазут .    -Ние од […]

Нашата партија се вика МКЦ: Програмските уредници бараат фер конкурс за директор


  Програмските уредници на Младинскиот културен центар, денеска, на прес-конференција, по обвинувањата за нерегуларности кон инстутуцијата ги упати градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Тие побараа да престане мобингот и заканите кон вработените, а ако има нерегуларности тие да се докажуваат по законски и правен пат. Поставувањето на новиот директорот кој е професионален детектив, според нив […]