Посебен режим на сообраќај на Водно


Фото: Б. Грданоски

Поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска, со почеток во 10 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.

Како што информира МВР, рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива настанот.