Времен сообраќаен режим на булеварот „Киро Глигоров“


Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје информира дека денеска на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим. 

– Времениот режим се воведува поради активностите за  обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието.