Општина Л-Исла од Малта ќе се збратими со општините Чаир и Сарај


Фото: Б. Грданоски

Општините Чаир и Сарај денеска ќе потпишат договор за збратимување со Општина Л-Исла од Малта.

Како што информираат од Општина Чаир,  на потпишувањето на договорите ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Л-Исла, Кливе Пулис, како и градоначалниците на скопските општини, Висар Ганиу и Блерим Беџети.