Град Скопје и Измир од денеска се збратимени градови


Делегација од Град Скопје денеска е во службена посета на градот Измир, Република Турција, каде е одржана работна средба со градоначалникот Мустафа Тунч Сојер и е потпишан протокол за збратимување помеѓу Скопје и Измир.

-Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка на конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на туризмот, економијата, културата, образованието и животната средина Со овој протокол, Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од взаемен интерес и утврдување на соодветна динамика за нивна имплементација, велат од Град Скопје.

На денешната средба на покана на Градоначалникот на Измир, присуствуваа пратеници, советници, градоначалници од 30 општини под Градот Измир, како и голем број на здруженија, организации од деловната заедница и асоцијации на македонски иселеници во Измир.

-Овој протокол е од исклучителна важност за Градот Скопје од аспект на меѓународно поврзување со град со кој взаемните интереси и цели ќе се преточат во проекти во сите области од интерес, како и размена на искуства кои се во надлежност на локалната самоуправа, велат од Град Скопје.