Без струја утре делови од Островска, Капиштец, 11 Октомври и Карпош


Без електрична енергија утре неколку часа ќе останат корисниците во делови од општините Aеродром, Центар, Кисела Вода и Карпош, а причина се технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН. Од 8 до 14 часот без вода ќе бидат корисниците на улиците …

Без струја утре делови од Островска, Капиштец, 11 Октомври и Карпош Read More »

Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти


Општина Гази Баба распиша Конкурс за доделување на стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти. Целта на стипендиите е финансиска поддршка на талентираните ученици и учениците спортисти од територија на општина Гази Баба, информираше градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски. -Како градоначалник, изминатиот период имав можност да сретнам повеќе талентирани ученици и ученици спортисти кои бележат …

Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти Read More »

Првиот снег во Скопје може брзо да дојде


Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на …

Првиот снег во Скопје може брзо да дојде Read More »

„Заедно можеме повеќе“, акција за донирање облека


Во периодот од 19 до 30 септември годинава Црвениот крст и компанијата „Алкалоид“ спроведоа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беа поставени на неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 килограми облека. -Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст и ќе се проследи до крајните корисници. Ова …

„Заедно можеме повеќе“, акција за донирање облека Read More »

Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк


Непознати сторители денеска го вандализирале споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Со спреј во неколку бои исчкртан е постаментот на споменикот и плочникот пред него.   Од МВР за МИА велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Приватните превозници во јавниот сообраќај во Скопје немаат пари за гориво


Градот, односно Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ на приватните превозници им должи околу 68 милиони денари што треба да им се исплаќаат неделно и месечно, со што се доведува во прашање јавниот градски превоз во Скопје во делот кој го покриваат тие. Директорот на приватното претпријатие за јавен превоз „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека долгот …

Приватните превозници во јавниот сообраќај во Скопје немаат пари за гориво Read More »

„Бела ноќ“: Камерен оркестар на Битола, Мијата и други вечерва на плоштад „Филип Втори“


Манифестација „Бела ноќ“ која се одржа во саботата на повеќе локации низ Скопје продолжува и денес. Централната манифестација поради лошите временски услови се одложи за денес од 19:30 на плоштадот „Филип Втори“. Скопје и скопјани ќе уживаат во насловните нумери од филмовите на легендарниот Џејмс Бонд во изведба на Камерниот оркестар на Битола, покрај тоа …

„Бела ноќ“: Камерен оркестар на Битола, Мијата и други вечерва на плоштад „Филип Втори“ Read More »

Топланата Скопје север утрово пушти парно


Неколку стотини скопски домаќинства утрово се разбудија со топли радијатори. Станува збор за граѓаните од Бутел и Чаир, кои се греат на Топланата Скопје Север, и тоа околу 500 семејства. Според сознанијата на Фактор, топланите Скопје Север и Енергетика, деновиве ги купиле потребните количини на гас за неколку дена од „Макпетрол“, компанија која го набавува …

Топланата Скопје север утрово пушти парно Read More »

Ќе се санира Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска потпиша Договор со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, преку кое Министерството за локална самоуправа и додели на оваа локална самоуправа 2.294.571 денари. Како што соопшти Општина Кисела Вода, со финансиско партнерство меѓу локалната самоуправа и оваа институција ќе се извршат градежни зафати за санирање …

Ќе се санира Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода Read More »

ЕВН: Саниран дефектот, сите во Скопје сега имаат нормално снабдување со струја


Саниран е дефектот поради кој регионите на Карпош, Капиштец, Влае, Ѓорче Петров, Матка, Кондово и Сарај утрово се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопшти ЕВН. -Прекинот се случи како последица од испад на 100-киловолтен далекувод од трафостаницата „Скопје 3“ до трафостаницата „Запад“. Екипите на Електродистрибуција за брзо време го санираа дефектот и …

ЕВН: Саниран дефектот, сите во Скопје сега имаат нормално снабдување со струја Read More »

Голем дефект на 110 киловатна станица во Скопје, не работат ни семафорите


Утрово поголем дел од скопјани останаа без електрична енергија. Поради голем дефект на 110 киловатна станица, струја немаше во населбите Карпош, Ѓорче Петров, Сарај. Од ЕВН велат дека екипите се веќе на терен за да го санираат дефектот. Во меѓувреме сообрајќајот се одвива без вообичаената сообраќајна сигнализација што пак предизвика создавање сообраќаен хаос. Поради прекин …

Голем дефект на 110 киловатна станица во Скопје, не работат ни семафорите Read More »

Во делови од Скопје водата денеска со намален притисок


Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известуваат дека денеска, како резултат на дефект на ЕВН, без струја се пумпите во Рашче, Кондово и бунарите во Лепенец и Нерези. Заради овој прекин на снабдувањето со електрична енергија, во некои делови од градот водоснабдувањето ќе биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе се нормализира по санaцијата на дефектот од …

Во делови од Скопје водата денеска со намален притисок Read More »

Општина Аеродром го објави повикот: По 1.000 денари месечно за струја за сиромашни


Социјално загрозените лица од Општина Аеродром кои се најпогодени од финансиската и енергетската криза ќе добиваат месечен надомест како финансиска помош за октомври, ноември и декември. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување парична помош, на кој заклучно со 14 октомври, ќе можат да аплицираат социјално загрозени лица кои се најпогодени од енергетската …

Општина Аеродром го објави повикот: По 1.000 денари месечно за струја за сиромашни Read More »

Шанса за Центар: Како се станува директор на ПОЦ?


Граѓанската иницијатива Шанса за Центар остро реагира на нетранспарентното објавување оглас за работното место директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар. Оттаму реагираат дека се чини „прв и најважен услов за некој да стане директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар е да чита дневен весник. Како инаку би дознал дека воопшто постои …

Шанса за Центар: Како се станува директор на ПОЦ? Read More »

Киплагат и Черотич победници на Скопскиот маратон


На осумнаесеттото издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28. Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши …

Киплагат и Черотич победници на Скопскиот маратон Read More »

Во Скопје се одржува „Скопскиот маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи


„Виз Ер Скопски маратон“ ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците. Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и …

Во Скопје се одржува „Скопскиот маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи Read More »

Дел од возилата на ЈСП ќе сообраќаат со изменет режим поради „Скопскиот маратон“


Дел од возилата од јавниот превоз денеска од 7 до 13.30 часот ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б …

Дел од возилата на ЈСП ќе сообраќаат со изменет режим поради „Скопскиот маратон“ Read More »

Во недела се одржува 18 – тиот „Виз Ер“ Скопски маратон


Најпознатиот спортски настан во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, која што сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година. Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата, – …

Во недела се одржува 18 – тиот „Виз Ер“ Скопски маратон Read More »

Александар Трајановски е нов заменик-градоначалник на Скопје


На позицијата заменик-градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски, кој е и  секретар за Меѓународна соработка на ГРОМ-Граѓанска Опција за Македонија. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година. Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор …

Александар Трајановски е нов заменик-градоначалник на Скопје Read More »

ЈП „Градски паркинг“ од утре со променето работно време


Од ЈП „Градски паркинг“ ги информираат корисниците дека од утре, 1.10.2022, започнува да се применува ново работно време на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП ,,Градски паркинг”- Скопје. Работното време ќе биде: Зоните А, Б и Ц: од понеделник- петок од 07:00- 21:00, во сабота од 07:00- 14:00 Зона Д: од понеделник- сабота од 07:00- …

ЈП „Градски паркинг“ од утре со променето работно време Read More »