Општина Аеродром го објави повикот: По 1.000 денари месечно за струја за сиромашни


Социјално загрозените лица од Општина Аеродром кои се најпогодени од финансиската и енергетската криза ќе добиваат месечен надомест како финансиска помош за октомври, ноември и декември.

За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување парична помош, на кој заклучно со 14 октомври, ќе можат да аплицираат социјално загрозени лица кои се најпогодени од енергетската и финансиската криза.

Сите подносители треба да се жители на Општина Аеродром, а деталите за јавниот повик може да се најдат на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/vest/9000

По 1.000 денари месечна субвенција за струја ќе добијат социјално загрозени лица. Истата месечна сума ќе следува за топол оброк и ужина на децата на социјално загрозени лица, за топол оброк за деца на самохрани родители со месечен личен доход до 18,000 денари и за приматели на пензија до 10.300 денари

„Со оваа мерка, излегуваме во пресрет на најранливите категории граѓани со цел тие полесно да го надминат периодот одбележан со енормното покачување на цената на струјата. Остануваме посветени на подобрување на условите за живот на сите наши граѓани и ги преземаме сите чекори со кои можеме да им го олесниме животот на аеродромци“, објави градоначалникот Тимчо Муцунски.