Герасимовски подготвува иницијатива за конфискација на дивоградбите


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24 рече дека на негово барање, општината подготвила иницијатива за конфискација на дивоградбите затоа што во моментов нема законска можност тоа да се направи. Герасимовски напомена дека во општината има неколку бесправни објекти чие уривање бара преголеми средства кои општината ги нема. […]

Поради дефект без вода објектите на булеварот „Јане Сандански“


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 10 часот, без вода ќе бидат корисниците од булевар „Јане Сандански“ 7. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф50мм на Бул. „Јане Сандански“ 7. Корисниците без вода ќе бидат од 10 часот до завршување на дефектот. 

Жичницата од утре ќе работи еден час повеќе


Од утре, сабота (1.04.2023 год), жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Секој понеделник и секој последен […]

Ќе се поставува фотоволтаична централа на градинката „Пепелашка


Општина Центар ја добива првата фотоволтаична централа наменета за ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ објект Пепелашка. Станува збор за донација од компанијата ОКТА АД – Скопје која советниците ја прифатија на вчерашната 22 Седница на Совет.  Компанијата ОКТА АД – Скопје по претходно добиени информации за потрошувачката на енергија во оваа градинка донира фотоволтаична централа со […]

Без вода дел од корисниците во Карпош, Кисела Вода и Бутел


Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците во општините Бутел, Кисела Вода и Карпош. Поради уличен дефект во село Љубанци во периодот од 9 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од селото Љубанци.  Како што е најавено, поради поврзување од стара […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради најавен протест, со почеток во 10 часот денеска ќе има посебен сообраќаен режим, при што по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосницата на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“.   Како што информираат од МВР, со почеток во 16 часот, пак, поради марш, Одделението за безбедност на патниот […]

Лицата со попреченост од други градови бесплатно ќе се паркираат во Скопје


Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата со којa се овозможува лица со попреченост од други градови бесплатно да се паркираат во Скопје, по случајот со велешанката, која плати паркинг, на место за инвалидизирани лица, но се соочи и со казна, затоа што возило со регистарска табличка што не е од Скопје, не смеело да […]

Советниците не ја поддржаа Арсовска за задолжување за еко-автобуси


Само 14 советници гласаа по предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со цел набавка на еко-автобуси за јавниот градски сообраќај во Скопје. И овој обид на градоначалничката да го задолжи градот долгорочно со цел да набави 50 еко-евтобуси, кои би придонеле за обновување на возниот парк на ЈСП и за намалување на загадувањето во […]

Иницијативата на СДСМ за Универзална сала не помина на Совет


Советот на Град Скопје не ја изгласа Иницијативата на советничката група на СДСМ за времено отстапување на правото на користење од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, за Универзалната сала, со што ќе се овозможеше Министерството за култура да ја доврши сопрената реконструкција. За Иницијативата гласаа 15 советници, шестмина беа против и четворица […]

Стефковски од Гази Баба бара враќање на старите имиња на улиците


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово поднесе Иницијатива до Градот Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба. „Сакам да Ве информирам Вас и јавноста дека утрово поднесов Иницијатива до Градот Скопје со барање за враќање на старите имиња на 34 улици во општина Гази Баба. Имено на предлог […]

Одлука за Владата да ја доправи Универзална не може да се донесе денеска


Дали Град Скопје ќе ја отстапи Универзалната сала на Владата ќе одлучи Советот на Скопје, соопшти денес градоначалничката Данела Арсовска. Извести дека има иницијатива од дел од советниците салата времено да се отстапи на Владата. – Универзалната сала е симболот на градот. Тоа не е одлука која што јас како градоначалник, ниту можам ниту сакам […]

Арсовска предлага субвенции за купување еко-возила за сите – поддршка од 200.000 денари


Набавка на нови еко-автобуси, субвенционирање за купување нови еко-такси возила и возила за граѓани, соработка со општини, за реконструкција на неколку улици, се дел од барањата односно одлуките, кои денеска на предлог на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе се најдат пре советниците во Советот на град Скопје. – Градот Скопје мора да биде модерен […]

Јавен повик од Општина Карпош за субвенционирање на поправака на покриви на згради и куќи


Општина Карпош денеска објави Јавен повик кој ги содржи правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на колективните станбени објекти (згради), како и замена на азбестни покриви на индивидуалните станбени објекти (куќи), на територија на локалната самоуправа, известуваат од општината. За таа цел, локалната самоуправа од својот […]

Делови од Карпош, Ѓорче Петров, Илинден и Сарај денеска без струја


Без електрична енергија денеска од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Прашка“ од бр.54 до бр.70 и дел од улицата „Букурешка“ од бр.110 до бр.140 во општина Карпош. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Париска“ без број спроти ГОБ […]

Пожар над скопската населба Пинтија, гори ниска вегетација


Шумски пожар изби над скопската населба Пинтија, информираат од Центарот за управување со кризи. Според напишаното на социјалните мрежи, гори ниска вегетација. – БППЗ на Град Скопје мометално интервенира со 1 ПП Возило и 4 пожарникари. Во моментов пожарот не преставува голема опасност – потенцираат надлежните.

Советниците утре треба да се согласат Владата да ја преземе Универзална сала


Советниците на утрешната седница на градскиот Совет треба да се изјаснат за иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата. Иницијативата ја поднесе советничката група на СДСМ и коалицијата, поткрепена со писмото на министерката за култура, Бисера Костадиновска, која го испрати до координаторите на советничките групи […]

Дел од Аеродром без вода


Поради промена на шибер во шахта ф 80 мм, без вода од 10.50 часот се корисниците од бул.„Јане Сандански“ згр.66, згр.68 и дел од ТЦ Бисер. Прекинот во водснабдувањето ќе трае до за вршување на работите, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Општина Центар субвенционира реконструкција на фасада на „Илинденска“


Општина Центар започна со реконструкција на фасадата на станбениот објект бр. 81 на бул. „Илинден“, со површина од 2.200 квадратни метри. На овој потег, во тек е реконструкција на стара и оштетена фасада на колективна станбена зграда што покрај енергетската ефикасност, ќе добие и нов лик што ќе го збогати целокупниот амбиент. „Ќе се задржи […]

Трчаме заедно со новиот клуб „Skopje City Running Club“


Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор? Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде бесплатна уникатна програма за рекреативци и […]