Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 27 и на 28.07.2023 година (четврток и петок), во раните утрински часови, ќе се реализира четвртата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
 
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.
 
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.