Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти


Општина Гази Баба распиша Конкурс за доделување на стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти.

Целта на стипендиите е финансиска поддршка на талентираните ученици и учениците спортисти од територија на општина Гази Баба, информираше градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски.

-Како градоначалник, изминатиот период имав можност да сретнам повеќе талентирани ученици и ученици спортисти кои бележат бројни успеси, што за мене беше показател дека општината треба да превземе чекор на стипедирање на овие ученици. Ги повикувам сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат – напиша Стефковски на официјалната фејсбук страница.