Во делови од Скопје водата денеска со намален притисок


Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известуваат дека денеска, како резултат на дефект на ЕВН, без струја се пумпите во Рашче, Кондово и бунарите во Лепенец и Нерези.

Заради овој прекин на снабдувањето со електрична енергија, во некои делови од градот водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.

Водоснабдувањето ќе се нормализира по санaцијата на дефектот од страна на ЕВН.