Без струја утре делови од Островска, Капиштец, 11 Октомври и Карпош


Без електрична енергија утре неколку часа ќе останат корисниците во делови од општините Aеродром, Центар, Кисела Вода и Карпош, а причина се технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН.

Од 8 до 14 часот без вода ќе бидат корисниците на улиците „Тодор Чангов“, „22“ и „24“ во наслебата Островска во Aеродром, од 08:30 до 15 часот корисниците на дел од улица „Козара“ и дел од улица „Васил Ѓоргов“ во Капиштец во Центар, од 08:30 до 12 часот корисниците од улица „Евтим Спространов“, од броевите 30 до 50 во наслебата 11 Октомври – бараки во Кисела Вода, а од 11 до 14:30 часот дел од улиците „Борка Талевски“, „Багдадска“, „Атинска“ и „Ристо Равановски“ во реонот околу Млечен ресоран  во Општина Карпош.