Голем дефект на 110 киловатна станица во Скопје, не работат ни семафорите


Утрово поголем дел од скопјани останаа без електрична енергија. Поради голем дефект на 110 киловатна станица, струја немаше во населбите Карпош, Ѓорче Петров, Сарај.

Од ЕВН велат дека екипите се веќе на терен за да го санираат дефектот.

Во меѓувреме сообрајќајот се одвива без вообичаената сообраќајна сигнализација што пак предизвика создавање сообраќаен хаос.

Поради прекин во снабдувањето со струја, без вода утрово останаа и поголем дел станарите кои живеат на повисоките катови во станбените здради.