Ќе се уредува парк кај „Есенинова“ покрај железничката пруга


Град Скопје заедно со општина Кисела Вода ќе го уреди просторот меѓу улицата „Есенинова“ и паркот „Борис Трајковски“ паралелено со железничката пруга во Кисела Вода. Одлуката е донесена на последната седница на Советот на Град Скопје, а на просторот ќе се изградат пешачки површини, паркинг простори, спортски игралишта и ќе бидат засадени дрвја. Град Скопје […]

Се реконструира ООУ „Григор Прличев“ во Железара


Летово, се реконструира  општинското основно училиште „Григор Прличев“ во Железара каде  во тек се градежно – занаетчиски работи. Објектот на ООУ „Григор Прличев“ е изграден во 2015 година и оваа година за прв пат се врши молерисување на сите простории кои се дел од училишната зграда. – Изминатиот период извршивме и комплетна реконструкција на училишната […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ доби лифт


Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, добива нов пристапен лифт наменет за учениците со попреченост, со што се финализира уште еден важен циклус на инвестиции со кои ова училиште станува целосно инклузивно, со еднаков пристап за сите ученици. Градоначалникот Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил напиша […]

Без вода корисниците од улиците „Никола Малешевски“ и „Македонско Косовска бригада“


Од 13:40 часот денеска вода нема да имаат корисниците од улицата „Никола Малешевски“, како и дел од улицата „Македонско Косовска бригада“ во општина Чаир. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка од ф – 200 мм на улица „Никола Малешевски“ бр.24, а ќе трае до завршување […]

Четврто прскање против ларви од комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда, ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно: – Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во раните утрински часови; – Терестричната дезинсекција (четврта фаза) на […]

Се реконструира улицата „Славејко Арсов“


Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”. ,,На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот […]

Десетици странски иселеници се дружат на неделни средби во Скопје


Секоја недела попладне, десетици луѓе – странци и локални жители се собираат на едно место во Скопје. Во локал во центарот на Скопје на неделно ниво тие запознаваат луѓе, се дружат, комуницираат, и развиваат пријателства, пишува Skopje.IN . Сѐ ова е дел од концептот на настанот “Expats meet up” кој повеќе од една година се […]

Невреме во Скопје: Општините на располагање за интервенции


Невреме го зафати и Скопје и Скопската Котлина. Силен дожд и ветер го погодија потесното градско подрачје. Од различни локации од Скопје стигнуваат првите информации за паднати дрвја и штети од невремето. Засега кај надлежните нема пријавено штети иако штети има и допрва ќе се утврдува колку. Општинските служби преку социјалните мрежи информираа дека активно работат за санирање […]

Исчистени сливници, проверени шахти – Скопје се подготвува за обилниот дожд


Екипите на сектор Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа,  во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме вчера и денес спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот,  со цел непрекината функционалност на […]

Голем пожар во Волково, едвај спасени куќите


Огромен пожар избувнал попладнево во скопско Волково, каде дел од куќите се зафатени, но изгасени, а жителите се видно исплашени. Пожарот почнал покрај реката Лепенец, каде кејот е полн со ѓубре. Тамо почнал огнот, кој поради ветрот брзо се проширил по тревата и околните дрвја, а стигнал и до првите куќи. Жителка на Волково сведочеше […]

Арсовска: Градот не добил покана од Владата за помош


Градот Скопје не добил официјална покана од Владата за да се разговора за помош од централната власт на главниот град, по таквата најава од премиерот Димитар Ковачевски, пред неколку дена. Градончалничката на Скопје, Данела Арсовкса вели дека покана не добиле, но дека ако на премиерот градон не му личи како што треба, тогаш вината е […]

Реконструирана улицата „Даме Груев“ во Центар


Завршија градежните работи на улицата „Даме Груев“ од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул.11ти Октомври, а реконструкција која се одвиваше во две фази. Оваа сообраќајница во централното градско подрачје беше во лоша состојба и континуирано беше посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот, информираа од Град Скопје.  – […]

Кисела Вода и годинава ќе субвенционира набавка на огревно дрво


Право на користење на субвенцијата ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од први април 2023 година, сѐ до денот на објавување на Јавниот повик, кој ќе биде распишан во месец октомври и ќе ги содржи сите потребни критериуми и информации. Општина Кисела Вода информира дека финансиски надомест од 500 денари со влучен персонален […]

ДКСК утврди дека се поткупувало за да се изгради бензинска станица на „Пуцко петрол“ во Карпош


 Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи да ја запре постапката за ДУП Општина Карпош бидејќи утврдила состојби кои укажуваат на сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и поткуп. Антикорупциската комисија ќе достави и иницијатива до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката […]

Пред невремето се чисти атмосферската канализациона мрежа 


Екипите на секторот „Канализација“ при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа,  во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме во текот на утрешниот ден, спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот,  со цел непрекината […]

„Мош“ и „Интермецо“ повторно казнети за бучава, треба да платат 13.000 евра


Кафулињата „Мош“ и „Интермецо“ повторно се казнети за зголемена бучава, аинспекторите изрекле казна од 13.000 евра, која треба да ја платат во рок од осум дена. Инспекцијата на Општина Центар спровела акција за мерење бучава по  пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територијата на општината. Мерењето е спроведено […]

Поради дефект утре без вода дел од Нерези


Поради уличен дефект ф-125 мм на улица „Ванчо Мицков“ 22 во населба  Нерези утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Уставниот суд оформи предмет за ДУП „Буњаковец 2“, а „Треска“ веќе се рекламира


  Просторот на поранешната фабрика „Треска“ најверојатно, многу брзо ќе почне да се гради, за што денеска се појавиja видeо и фотографии како ќе изгледа просторот со планираните „наполитанки“, а Уставниот суд информира дека оспорена и Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016. Подносител на иницијативата е Сузана […]

Исчезнатата Драгана утрово се вратила дома


На социјалните мрежи во изминатите денови се споделуваше објава во која се бараше 28-годишната Драгана. Драгана исчезна на 29 јули, но денеска се вратила во својот дом, како што објави Министерството за внатрешни работи (МВР). – Денеска (01.08.2023) во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ш.(71) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во […]

Арсовска се зафати со кружниот во Автокоманда


Кружен тек во Автокоманда на крстосницата кај „Меркур“, планиран е одамна, а актуелната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска, сега уверува дека токму таа ќе го изгради.   – Стратешкиот проект кој беше ветуван од повеќе градски раководства над две децении, а при тоа иако ветуван не беше изготвена ниту проектна документација, полека станува реалност низ […]