Без струја дел од општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош


Фото: Б. Грданоски

Од ЕВН известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.„Волтерова“, како и дел од корисниците од ул. „Живко Фирфов“, во Општина Кисела Вода. Во истата општина, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Румена Хаџи Панзова“ – подулица бр. 1.

Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. 5 од бр. 20 до бр. 45, ул. 7 од бр. 2 до бр. 20, ул. 11 од бр. 2 до бр. 15, ул. 15 од бр. 1 до бр. 10, како и корисниците лоцирани околу црквата Свети Петар и Павле во Јурумлери, во општина Гази Баба.

Во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. „Миле Поп Јорданов“ од бр. 29 до бр. 41 и од бр. 46 до бр. 60, во Општина Карпош.