Целосно реконструирана улицата „Козле 3“ во Нерези


Улицата “Козле 3“ во урбаната заедница Нерези од минатата недела доби нов асфалт, информираа од општина Карпош. 

Улицата е во должина од 430 м2. За оваа намена, од буџетот на Општина Карпош се издвоени 2.921.920 денари, со цел граѓаните да имаат безбедна сообраќајница. 

Изведувач на градежните активности е градежната фирма ДПГТУ “Филип Инжинеринг,, – ДООЕЛ увоз-извоз.