Со обука за оџачари Град Скопје ќе го решава проблемот со аерозагадувањето


Град Скопје во соработка и со поддршка на збратимениот град Нирнберг од Германија, спроведe проект со цел да го подобри квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје, преку одржување на сертифицирана обука за возобновување на професијата оџачар преку размена на искуства со експерти од Сојузна Република Германија.

Наставата за оџачари се реализираше од страна на верификувани спроведувачи за обуки од средното училиште на Град Скопје ГС “Здравко Цветковски”, во рамки на која која покрај теоретскиот дел беше вклучена и практична обука за оџачари во реални услови, информираа надлежните. 

Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, денес во средното училиште на Град Скопје “Здравко Цветковски”, додели професионална оџачарска опрема, на лицата кои успешно ја завршија обуката за оџачари и на училиштето, за успешно спроведување на идните модули од практичната настава.

Проектот за оџачари е една од комплементарниот сет системски мерки кои ги превзема Град Скопје за решавање на предизвиците и справување со аерозагадувањето, велат од Град Скопје.