Универзална сала имала согласност од МИОА за унапредувањата


Универзална сала, јануари, 2023/ Фото: Б. Грданоски
Во врска со продолжението на 35-тата седница на Советот на Град Скопје одржана на ден 05.10.2023 година (четврток), по повод 6-тата точка на Дневниот ред, на која советникот Гордан Шутаров постави прашање за дел од унапредувањата предвидени со Планот за вработување за 2024 година на ЈУ Универзална сала-Скопје кое медиумите го проследија, го соопштуваме следното:
 
Со започнување на реконструкцијата на ЈУ Универзална сала-Скопје во месец јуни 2021 година, а согласно претходно спроведена Функционална анализа и усвоен Правилник за систематизација на работните места во ЈУ Универзална сала-Скопје со број 02-200/2 од 18.09.2020 год., усвоен од страна на Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА),со Согласност бр.12/6-3183/4 од 22.09.2020 год., се изврши реорганизација во процесот на работење на установата.
 
Поради ова тогашниот Директор на установата Филип Аврамчев донесе Решенија за распоредување на работни места на дел од вработените.
 
Распоредувањата на вработените се извршени согласно горенаведената Систематизација, како и со исполнување на општите и посебните услови кои ги предвидува истата.
 
Следствено на ова во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2022 година, овие вработени беа планирани за унапредување, за истиот беше донесена Одлука од Советот на Град Скопје со број 27-8977/2 од 22.09.2021 година и Позитивно мислење од МИОА со број 09-3862/5 од 07.11.2021 година. 
 
Планираните унапредувања не се реализираа во 2022 година и истите беа планирани во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2023 година, за кој исто така беше донесена Одлука од Советот во сегашниот состав на Град Скопје со број 27-10236/1 од 31.08.2022 година и Позитивно мислење од МИОА со број 09-4144/2 од 27.10.2022 година. 
 
И оваа тековна 2023 година, планираните унапредувања не се реализираа, поради што повторно се планираа истите унапредувања во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2024 година, кои беа ставени како точка на Дневниот ред на продолженито на 35-тата седница на Советот на Град Скопје која точка Советниците не ја донесоа.
 
Инаку, вчера, ан седницата на Советот на Град Скопје, предложените унапредувања не беа прифатени од советниците, а советникот Гордан Шутаров побара одговор, според кои критеируми, возачот, домаќинот, хигиеничарот и хаусмајсторот треба да се унапредат во тон-мајстори и сценски работници.