Повторно гори галијата во Вардар кај „Холидеј ин“


  Се запали галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар на Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје велат дека во моментов пожарникари со возила одат кон кејот за да интервенираат. Се работи за галијата „Среќа“, која еднаш веќе гореше, а додека градоначалник беше Петре Шилегов, таа почна да […]

ЈСП Скопје: Жичницата за празникот ќе работи до 20 часот, превозот ќе се одвива по неделeн возен ред


Утре, поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП Скопје ќе бидат затворени. Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно […]

Гази Баба со инспекција ќе ги спасува аеродромци од непријатниот чад од Вардариште


Секојдневно над неформалната депонија Варадиште се издига црн чад, кој најчесто ги труе аеродромци. Социјалните мрежи се полни фотогафии, видеа и поплаки на неподносливата смрдеа што се шири од Вардариште, а неретко и мирис на изгорено, на пластика во пламен… Вќера попладнето, градоначалникто на Општина Гази Баба (на чија територија се паѓа Вардариште) заедно со […]

Утре без вода делови од Скопје


Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информираат дека утре (вторник) поради затворање вода поради менување на вентил во АД „Просветно дело“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Даме Груев“ и дел од ул. „Кирил и Методиј“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување со работните активности.

Угина и третиот пржевалски коњ во скопската зоолошка


Откако викендов беше пријавено дека два од ретките пржевалски коњи со потекло од Монголија угинале во скопската зоолошка градина, утринава стигна информација дека угина и третиот коњ, донација на австриски национален парк. Угинувањето на коњите вчера беше пријавено и во полиција од страна на вработените, под сомнеж дека станува збор за труење. Сомнежот за намерно […]

„Лајка“ заловува во Гази Баба


Од ЈП Лајка информираат дека од денеска (31.јули 2023) заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Гази Баба. – Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово. […]

Двајца туристи од Хонг Конг се изгубиле во кањонот Матка, пронајдени преку бројот 112


Двајца туристи од Хонг Конг се изгубиле во кањонот Матка во регонот на манастирот „Свети Никола Шишевски“ по што се пронајдени од тим од полициската станица Сарај преку Единствениот број за итни случаи 112. Повикот за помош е примен денеска во 18:10 часот преку мобилен телефон без картичка. На англиски јазик тие го информирале вработениот […]

Двата коња што угинаа во скопската Зоолошка градина биле ретки животни од Монголија


Двата коња кои вчера угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалски, цврсто градени коњи со помала висина. Станува збор за многу ретки и скапи животни по потекло од Монголија кои во Скопје биле донесени од Австрија, а на скопската Зоолошка градина и биле донирани од компанијата „Сафари Македонија“. По веста за угинувањето на […]

Ралев: Скопје веќе не е ни модерен ни безбеден град


Скопје некогаш беше модерен град, но сега е пренаселен и непотребно оди во висина и сега е далеку од таа модерност, вели архитектот Мишко Ралев во неделното интервју на Радио Слободна Европа. 60 години од земјотрсот, тој вели дека легалните објекти кои се градат се безбедни, но не е безбеден од аспект на урбанизмот. Kако […]

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година


Управниот одбор на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) ја прифати кандидатурата на МОК, во 2025 година градот Скопје да биде домаќин на 18. издание на летниот Европски олимписки младински фестивал (ЕОМФ). Претседателот на МОК, Даниел Димевски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска официјално ќе го преземат знамето на ЕОК, како симбол за организација на […]

Ковачевски ќе го повика целото раководство на Град Скопје за Владата да им помогне


  Бидејќи градот Скопје не функционира и речиси сите работи се во застој, премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека планира да го повика целото раководство на град Скопје, со цел да видат каде и како може Владата да помогне. „Доколку парното не беше субвенционирано од страна на државата и доколку не се обезбеди преземање на […]

Без вода делови од улиците „Алија Авдовиќ“ и „13 Август – Охридски Договор“


– Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Алија Авдовиќ“ 16/120б (кај Џамијата), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Алија Авдовиќ“ крак 16 и ул.„13 Август – Охридски Договор“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 08:40 часот до завршување на санација на дефектот.

Дел од скопската населба Тафталиџе без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Виенска“ и „Ташкентска“ во населбата Тафталиџе, Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради  уличен дефект ф-100мм на ул. „Варшавска“ бр.1. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

„Скопје во пет и седумнаесет“: Осветлување на историјата преку светлосни уметнички инсталации


Вчеравечер спектакл од светлина и креативност го исполни вечерното небо над Скопје. Точно во 20:00 часот, креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ иницираше серија неверојатни аудиовизуелни инсталации, ласерски проекции и 3Д-мапирања на Поштата, Телекомуникацискиот центар, Скопското кале и високите кули во Карпош 1 и 2. Инсталациите дадоа илустративен приказ на катастрофалниот земјотрес од 1963 […]

Општина Центар започна со спуштање на надземната мрежа од уличното осветлување


мната мрежа од уличното осветлување и електричните кабли на улицата „Партение Зоографски“ долж улицата „Тасино Чешмиче“, заедно со пропратните улици на тој опфат. -Изведуваме модернизирање на инсталациите со цел да ја промениме онаа грда слика на стари дрвени бандери на кои висат кабли. Сите сме сведоци дека со текот на времето истите се навалуваат до […]

РКЕ пред почетокот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената на парното греење


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пред стартот на грејната сезона ќе ја носи одлуката за цената по која скопјани ќе ја плаќаат топлинската енергија. -Поднесените барања за цената се исклучително комплексни затоа што станува збор за година во која имавме миграција на лиценци и прогласена криза состојба. Дополнително цената на гасот драстично […]

Отстранет е лимот кој во невремето се премести на покрив на зграда во Аеродром


Отстранет е покривен лим оштетен од невремето од кров на зграда во Општина Аеродром, соопшти денеска Центарот за управувањ есо кризи.  – По пријава на единствениот телефонски број за повици при итни ситуации 112 во ЦУК за опасност од покривен лим што неодамнешното невреме го нанело на пониска зграда на Булевар „АВНОЈ“ бр. 18 – […]

Конечно дојде на ред поправката на оштетеното детско игралиште кај Т.Ц. „Зебра“


  Ново детско игралиште наскоро ќе добијат децата околу Т.Ц. „Зебра“ во Капиштец. Денеска ќе започне и поставување на реквизитите на местото на постоечкото поради што тоа нема да биде во функција. Станува збор за нови седум реквизити вклучувајќи и нова гумена подлога. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повикува на трпеливост сѐ до завршување […]

Без вода дел од населбата Бутел 2, Поликлиниката „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“


Поради уличен дефект ф 300 мм на улица „Кемал Сејфула“ бб  денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Бутел 2, Поликлиника „Чаир“ и Економското училиште „Арсени Јовков“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до негово завршување. 

Изложбата „Подемот и падот на Скопје“ е потврда за добрината, хуманоста и солидарноста на човештвото


По повод одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, а во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, денеска во Музејот на современата уметност е отворена дигиталната изложба на Државниот архив, „Подемот и падот на Скопје“. Изложбата на Државниот архив, преку 300 фотографии и документи видени низ објективот […]