Дел од Скопје утре без вода


Фото: Б. Грданоски

ЈП „Водовод и канализација“ ги известува граѓаните дека на ден 03.10.2023 година (Вторник) планирани се неколку зафати на водоводната мрежа и тоа: поради водоводен приклучок на „ул. Лазар Поптрајков бр.20“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од „Лазар Поптрајков“ и дел од корисниците од „ул. Ташко Караџа“ од 09:00 часот.

Во Гази Баба, поради промена на вентил (затворач) 6/4 на „ул. Мирослав Крлежа бр.39“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од „ул.Ленинова“ на потегот од „Никола Тримпаре“ до „бул.Партизански Одреди“ од 08.00 часот.

За корисниците во Општина Центар, поради промена на шибер (затворач) од ф100 мм на „ул.Теодосие Гологанов бб“ (Студентски дом „Гоце Делчев“) , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од „ул.Теодосие Гологанов“ на потегот од Алумина до Студентски дом „Гоце Делчев“ од 08.00 часот до завршување на теренските активности.

Во Општина Карпош, поради дефект во шахта на „ул.Жданец бр.22“ населба Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат жителите од населеното место Трнодол, Жданец и Средно Нерези, од 08.30 до 09.30 часот.