Без струја дел од Карпош и Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

РЦУК соопшти дека денеска без струја ќе бидат дел од општините  Карпош и Кисела Вода.

Од 08:00 до 16:00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од улиците „Франце Прешерн“ и „Драгутин Аврамовски Гуте“ (Карпош), од 08:30 до 12:00 корисниците дел од корисниците на ул. „Влае“ кај поранешна Неуромедика (Карпош), од 09:00 до 16.00 часот корисниците на булевар „Србија“ (Кисела Вода), од 09:00 до 16:00 часот корисниците на ул. „Миле Поп Јорданов“ од бр.31 до бр.53 и од бр.50 до бр.70. (Карпош) и од 11:00 до 14:00 часот корисниците на дел од ул. „Каирска“ кај Педагошки факултет и објектите околу Педагошки факултет (Карпош).