И со реконструкција на студентските домови се доцни, ама министерот нема вина


Фото: Б. Грданоски

Најавените реконструкции на студентските домови не може да отпочнат, сѐ додека не се реши нивниот имотно-правниот статус. Со промените во Законот за градба, поголемиот дел од студентските домови се наоѓаат на државно земјиште, а тоа е случај и со повеќе јавни установи во земјава, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

– Очекувам што побрзо да се решат имотно-правните статуси и да се доделат дозволите за градба, што треба да бидат дадени од одредени општини, за конечно да почнеме со реконструкција, рече Шаќири.

За реконструкцијата на „Стив Наумов“, министерот вели дека се реализира заедно со Германската банка и дека транспарентно известуваат во која фаза е постапката.

Поради нерешни имотно-правни односи, доцни реконструкцијата на скопските студентски домови