Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на Бела ноќ 2023


Фото: Б. Грданоски

И оваа година е обезбеден бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023.

Како што соопшти Град Скопје, бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година).

Традиционалната манифестација „Бела ноќ“ годинава се одржува по 19.пат. Граѓаните ќе можат да посетат изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции што ќе се одржуваат на повеќе локации во градот и ќе ја слават културата и уметноста во Скопје како Европска престолнина културата за 2028 година.