Ангелов во 3 часот по полноќ спасувал повредено момче на Водно – гестот наиде на пофалби


Првиот човек на Центарот за управување со кризи со гест кој наиде на пофалби на социјалните мрежи. „Стојанче Ангелов направи човечки потег за поздрав“, се коментира. Тој во раните утрински часови самоиницијативно присуствувал на една незгода со цел да помогне на момче кое се повредило на Водно. Несреќата се случила минатиот четврток, кога младо момче …

Ангелов во 3 часот по полноќ спасувал повредено момче на Водно – гестот наиде на пофалби Read More »

Изложба за кандидатурата на Рим за домаќин на Универзалната изложба ЕКСПО 2030


 Изложба посветена на кандидатурата на Рим за домаќин на Универзалната изложба ЕКСПО 2030 година денеска ќе биде отворена во трговскиот центар Скопје Сити Мол. Како што соопштија од Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, поставката е дел од промотивната кампања на кандидатурата на Градот Рим, за која Северна Македонија прв пат ќе има можност …

Изложба за кандидатурата на Рим за домаќин на Универзалната изложба ЕКСПО 2030 Read More »

Утре без струја делови од Аеродром и Арачиново


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.09.2023 година ( среда) без електрична енергија ќе останат делови од општина Аеродром и Арачиново. Според најавите без електрична енергија ќе бидат во периодот од 9 до 12 часот, дел од корисниците од улиците „Дванаесетта Македонска Бригада“ и „Мите Богоевски“ во општина Аеродром и во периодот од …

Утре без струја делови од Аеродром и Арачиново Read More »

Општина Кисела Вода реконструира четири улици во населба Драчево


 Во населбата Драчево започна реконструкција на улиците „Гутенбергова”, „Волтерова”, „Марија Кири” и „Ѓорѓи Војтех”, а на стартот на градешните активности денска присуствуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. -Денеска сме на местото каде што започнуваат почетните градежни активности за реконструкција на четири значајни улици во нашата населба. Се работи за улиците: „Гутенбергова”, “Волтерова”, „Марија …

Општина Кисела Вода реконструира четири улици во населба Драчево Read More »

Во скопската Зоолошка градина угина сибирската тигрица Надја


Сибирската тигрица Надја угина во длабока старост во скопската Зоолошка градина, со жалење изестија од uправата на оваа институција. Од Зоолошката нагласија дека Надја била еден од најстарите тигри во Европа. „Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. …

Во скопската Зоолошка градина угина сибирската тигрица Надја Read More »

Отворен архитектонски конкурс „Скопје на новата генерација“


По повод 60 години од скопскиот земјотрес, Јуроп хаус го отвора архитектонскиот конкурс насловен „Скопје на новата генерација“ преку кој се повикуваат млади архитекти и урбанисти да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град. Ова не е само конкурс за разубавување на градот туку и повик преку кој ќе се подобри пристапот кон заборавените места …

Отворен архитектонски конкурс „Скопје на новата генерација“ Read More »

Пожарот во Дрисла бил подметнат, за тие што ширеа лажни вести ќе има пријави


Пожарот утрово во Дрисла бил подметнат, соопштија од јавното претпријатие кое ја менаџира депонијата. Од таму исто така апелираа да не се злоупотребуваат  слобода на говорот и јавното информирање за ширење на лажни вести и невистини по социјалните мрежи  кои предизвикуваат  паника кај локалното население во смисла дека депонијата Дрисла ги загрозува животната средина и …

Пожарот во Дрисла бил подметнат, за тие што ширеа лажни вести ќе има пријави Read More »

ЕСМ чекаше дозвола од Град Скопје да ги постави цевките за парно под мостот „Беласица“


АД ЕСМ е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок, велат од претпријатието денеска.  Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври …

ЕСМ чекаше дозвола од Град Скопје да ги постави цевките за парно под мостот „Беласица“ Read More »

Втора година по ред, учениците од четврто одделение добија нови таблет уреди


  Продолжуваат инвестициите и проектите со кои се унапредува образовниот процес во училиштата во Аеродром.   Во период кога учениците низ цела Македонија се соочуваат со недостаток на учебни материјали и учебната година ќе ја започнат во неизвесност, во Аеродром секој четвртоодделенец добива нов таблет-уред.    Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, …

Втора година по ред, учениците од четврто одделение добија нови таблет уреди Read More »

Изгаснат мал пожар на скопската депонија Дрисла


Мал пожар избувнал утрово на скопската депонија Дрисла кој набргу бил изгаснат од страна на БППЗ Скопје, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.  Вчера не е регистриран нуту еден пожар на отворен простор.

Гори отпадот на Дрисла


Густ и црн чад ги вознемири граѓаните утрово. Според жители кои се во близина и кои објавија видео на социјалните мрежи, се гледа чад кај депонијата Дрисла во Скопје.  Гори ѓубрето кое се депонира и се издига црн чад.   Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека добиле информација оти горела депонијата, но …

Гори отпадот на Дрисла Read More »

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Градот Рим, Роберто Гуалтиери, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за воспоставување соработка, пријателски релации, заеднички активности, размена на искуства од областа на културата и на животната средина, како и за изнаоѓање решенија на предизвици од социо-економски карактер. Со Меморандумот, Скопје и Рим ќе поддржат и поттикнуваат реципрочна …

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим Read More »

ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало ќе добие четири нови училници за уште 100 ученици


Премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска присуствуваа на поставувањето камен-темелник за доградба на ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало. Со доградбата се планира изградба на четири нови училници, ново скалишно јадро, лифт и санитарен дел. Премиерот пред присутните кажа дека станува збор за  едно од најстарите училишта во Скопје и …

ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало ќе добие четири нови училници за уште 100 ученици Read More »

ЦУК: Пак гореше во Лисиче, изгаснати 32 од вчерашните 34 пожари


Од вкупно 34 пожари на отворен простор два се сѐ уште активни, но со намален интензитет, информираат од Центарот за управување со кризи. Станува збор за пожарите во Општина Прилеп кај село Тополчани, каде што гори ниска вегетација, и во Општина Гевгелија кај село Селемли каде што гори мешена шума. Како што дополнуваат од ЦУК, …

ЦУК: Пак гореше во Лисиче, изгаснати 32 од вчерашните 34 пожари Read More »

Пајакот собра 175 возила низ Центар


ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 175 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 28.08. до 03.09.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 83 непрописно паркирани возила, а со поставување на …

Пајакот собра 175 возила низ Центар Read More »

Промоција на проект за отворање регионален центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер


Во некогашното основно училиште во Кучково, во Општина Ѓорче Петров, денеска ќе биде означен почетокот на проектот „Приказната продолжува“, со кој овој објект ќе биде реконструиран и преадаптиран во регионален центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер. Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, на настанот ќе говорат ресорниот министер Ристо Пенов, директорот на …

Промоција на проект за отворање регионален центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер Read More »

(Фото) Граѓани помагаат да се изгаси пожарот кај ресторанот „Рагуза“


Со две противпожарни возила, пожарникарите, потпомогнати од локалните жители успеаја за кусо време да го стават под контрола пожарот кој попладнево изби на ледината спроти ресторанот „Рагуза“ во скопско Ново Лисиче. Граѓаните од околните згради гледаа како пожарот се шири на различни страни, како што се менуваше ветрот. Граѓани гасеа со стапови, се фрлаше песок …

(Фото) Граѓани помагаат да се изгаси пожарот кај ресторанот „Рагуза“ Read More »

(Фото) Гори сува трева во близина на ресторанот „Рагуза“ во Ново Лисиче


Сува трева се запали во близина на ресторанот „Рагуза“, или попознат како „Мирко“, во Ново Лисиче. Во моментот, пожарникари со едно противпожарно возило се обидуваат да го изгасат, но дува ветар, а пожарот брзо се шири поради тоа што тревата е сува.  Жителите од околните згради може да го видат, а се чувствува и мирис …

(Фото) Гори сува трева во близина на ресторанот „Рагуза“ во Ново Лисиче Read More »

Возрасни луѓе уништуваат урбана опрема во Бутел – општината со осуда


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го осуди вандалскиот чин со кој се уништува урбана опрема. – Жално е што сè почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмараат. Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов” каде што целосно …

Возрасни луѓе уништуваат урбана опрема во Бутел – општината со осуда Read More »

Од денеска, мостот „Беласица“ отворен за лесни возила


 Мостот „Беласица“ од денеска ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ. – Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања …

Од денеска, мостот „Беласица“ отворен за лесни возила Read More »