Општина Кисела Вода реконструира четири улици во населба Драчево


 Во населбата Драчево започна реконструкција на улиците „Гутенбергова”, „Волтерова”, „Марија Кири” и „Ѓорѓи Војтех”, а на стартот на градешните активности денска присуствуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Денеска сме на местото каде што започнуваат почетните градежни активности за реконструкција на четири значајни улици во нашата населба. Се работи за улиците: „Гутенбергова”, “Волтерова”, „Марија Кири” и „Ѓорѓи Војтех”, улици кои, за жал, никогаш досега, од после земјотресот не биле санирани или реконструирани од претходните раководства на општината. Овој градежен зафат кој опфаќа околу 2500 квдратни метри, значи инвестиција во подобра инфраструктура, но и инвестирање во подобар квалитет на живот за нашите граѓани, во безбедноста на нашите деца и во полесен пристап до нашите домови и работни места, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

default

Тој истакна дека градежната офанзива која трае низ целата општина,  ќе продолжи со засилена динамика. Исто така, смета дека овој  начин на работа веќе ги дава своите резултати, како и неговото предизборно ветување, со тоа што во општината нема да има неасфалтирана улица.