Изложба за кандидатурата на Рим за домаќин на Универзалната изложба ЕКСПО 2030


 Изложба посветена на кандидатурата на Рим за домаќин на Универзалната изложба ЕКСПО 2030 година денеска ќе биде отворена во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Како што соопштија од Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, поставката е дел од промотивната кампања на кандидатурата на Градот Рим, за која Северна Македонија прв пат ќе има можност да гласа, во својство на нов член на меѓународната организација БИЕ.

Изложбата ќе ја инаугурира Амбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри, и ќе може да се посети сѐ до 28 септември.