Втора година по ред, учениците од четврто одделение добија нови таблет уреди


 
Продолжуваат инвестициите и проектите со кои се унапредува образовниот процес во училиштата во Аеродром.
 
Во период кога учениците низ цела Македонија се соочуваат со недостаток на учебни материјали и учебната година ќе ја започнат во неизвесност, во Аеродром секој четвртоодделенец добива нов таблет-уред.
 
 Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, денеска го посетија основното училиште „Лазо Ангеловски“, каде на учениците од четврто одделение им ги поделија таблетите кои ќе им помогнат во успешното совладување на наставата и стекнување нови дигитални вештини.
 
 „Четвртото одделение за учениците е почеток на нови предизвици за надоградување на знаењето, но и период кога тие се воведуваат во процесот на дигитализација. Токму затоа, со овој процес придонесуваме за развојот на дигиталните вештини кои ќе ги подготват за иднината. Вака обезбедуваме непречен образовен процес и нови содржини за интеракција во наставата“, истакна градоначалникот Муцунски.