(Фото) Граѓани помагаат да се изгаси пожарот кај ресторанот „Рагуза“

Го гаснат две цистерни на скопската противпожарна бригада со осум пожарникари и не претставува опасност за околните куќи и згради. Пожарот е под контрола, наведуваат од ЦУК


Пожар кај „Рагуза“ (Фото: Б. Богдановска)

Со две противпожарни возила, пожарникарите, потпомогнати од локалните жители успеаја за кусо време да го стават под контрола пожарот кој попладнево изби на ледината спроти ресторанот „Рагуза“ во скопско Ново Лисиче.

Граѓаните од околните згради гледаа како пожарот се шири на различни страни, како што се менуваше ветрот.

Граѓани гасеа со стапови, се фрлаше песок и посебно средство за сузбивање на пожарот. 

Сепак, опасност за околните куќи и зградите немаше, затоа што околу ледината има патишта, пристапни улици и паркинзи.

Гореше сува трева, а дваесеттината дрвја расфрлани низ ливадата уште се зеленеат. 

Во пожарот кој  изби во Скопје на ул. „Тодор Чангов“ во населба Лисиче, спроти „Рагуза“, гори трева, соопшти ЦУК.

-Го гаснат две цистерни на скопската противпожарна бригада со осум пожарникари и не претставува опасност за околните куќи и згради. Пожарот е под контрола, наведуваат од ЦУК.

Пожарот избил околу 18.25 часот, и досега има повеќе пријави на 112. 

Фото: Б. Богдановска