Пожар над скопската населба Пинтија, гори ниска вегетација


Шумски пожар изби над скопската населба Пинтија, информираат од Центарот за управување со кризи. Според напишаното на социјалните мрежи, гори ниска вегетација. – БППЗ на Град Скопје мометално интервенира со 1 ПП Возило и 4 пожарникари. Во моментов пожарот не преставува голема опасност – потенцираат надлежните.

Советниците утре треба да се согласат Владата да ја преземе Универзална сала


Советниците на утрешната седница на градскиот Совет треба да се изјаснат за иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата. Иницијативата ја поднесе советничката група на СДСМ и коалицијата, поткрепена со писмото на министерката за култура, Бисера Костадиновска, која го испрати до координаторите на советничките групи …

Советниците утре треба да се согласат Владата да ја преземе Универзална сала Read More »

Дел од Аеродром без вода


Поради промена на шибер во шахта ф 80 мм, без вода од 10.50 часот се корисниците од бул.„Јане Сандански“ згр.66, згр.68 и дел од ТЦ Бисер. Прекинот во водснабдувањето ќе трае до за вршување на работите, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Општина Центар субвенционира реконструкција на фасада на „Илинденска“


Општина Центар започна со реконструкција на фасадата на станбениот објект бр. 81 на бул. „Илинден“, со површина од 2.200 квадратни метри. На овој потег, во тек е реконструкција на стара и оштетена фасада на колективна станбена зграда што покрај енергетската ефикасност, ќе добие и нов лик што ќе го збогати целокупниот амбиент. „Ќе се задржи …

Општина Центар субвенционира реконструкција на фасада на „Илинденска“ Read More »

Трчаме заедно со новиот клуб „Skopje City Running Club“


Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор? Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде бесплатна уникатна програма за рекреативци и …

Трчаме заедно со новиот клуб „Skopje City Running Club“ Read More »

Без струја утре делови од Драчево, Хиподром, Центар, Тафталиџе, Кучково и Грачани


Корисниците од улица „Дреновска Клисура“ во населба Драчево во Општина Кисела Вода утре ќе немаат струја од 8 до 12  часот, соопшти РЦУК – Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД. Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Пехчевска“ и „Париска комуна“ и дел од улицата „Валандовска“ во …

Без струја утре делови од Драчево, Хиподром, Центар, Тафталиџе, Кучково и Грачани Read More »

„Рузвелтова“ ќе се реконструира два месеца


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид во градежните работи на ул.„Рузвелтова“, која се реконструира на потегот од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански одреди“. Реконструкцијата на „Рузвелтова“ во оваа фаза е со рок на изведба од два месеци, се простира на површина од 7.350 м2 и должина од 600 метри, со што ќе се …

„Рузвелтова“ ќе се реконструира два месеца Read More »

Поради замена на семафори ќе биде забавен сообраќајот на крстосницата на булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“


ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информира дека поради демонтажа на оштетен полупортален семафорски столб на кростосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ ќе биде забавен сообраќајот во тој дел од Скопје. – Апелираме до граѓаните за трпение до завршување на работите со цел да се воспостави безбедност во движењето и да се врати нормалниот …

Поради замена на семафори ќе биде забавен сообраќајот на крстосницата на булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“ Read More »

Нападнат синот на Пеце од „Суперхикс“ – тој со смирен повик до институциите


Малолетник бил нападнат во неделата во Капиштец, додека играл кошарка, од други четири малолетници, штитеници на Домот „11 Октомври“. Полицијата дошла, но рекле дека малолетниците им се познати како проблематични и дека не можат ништо да направат.  Целото сведоштво, Петар Младеновски го има објавено на Фејсбук, па ги повикува институциите да ги заштитат сите жители …

Нападнат синот на Пеце од „Суперхикс“ – тој со смирен повик до институциите Read More »

Се уредуваат парковите и се чистат фонтаните во Аеродром


Во тек е пролетна за акција за уредување на парковите и чистење на фонтаните во Аеродром. – Првите денови во Аеродром се денови за пролетно уредување на општината кое опфаќа уредување на парковите и подготовка на фонтаните за пролетната сезона. Акцијата спроведена од страна на општинските служби во Аеродром изминатите денови опфати чистење, уредување и …

Се уредуваат парковите и се чистат фонтаните во Аеродром Read More »

Забрана за работа од 10 дена добија локалите „Интермецо“ и „Мош“


По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државен пазарен инспекторат изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали. Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“  …

Забрана за работа од 10 дена добија локалите „Интермецо“ и „Мош“ Read More »

Град Скопје ги отвори понудите од превозниците


Вчера во Град Скопје почна отворањето на пријавите од приватните превозници кои пристигнаа на јавниот повик за 16 линии, поделени во три пакети. Превозниците аплицирале со три новорегистрирани фирми за трите пакети за кои има потреба од дополнителен автобуски превоз, па ќе се изберат тие кои ги исполнуваат условите и критериумите од огласот кој заврши …

Град Скопје ги отвори понудите од превозниците Read More »

Се поставува атмосферска канализација на дел од „Борис Трајковски“


Во полн ек е изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ на потег од крстосницата кај населба Пинтија до мостот на Маркова река со должина од 2.325 метри и изградба на нов кружен тек пред мостот со дијаметар од 20 метри. На потегот се изведува нова атмосферска канализација со вкупна должина од 2270 метри, пешачки патеки од …

Се поставува атмосферска канализација на дел од „Борис Трајковски“ Read More »

Посебен режим на сообраќај во вторник и среда 


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре, вторник и среда, (28/29.03.2023), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, д-р Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по …

Посебен режим на сообраќај во вторник и среда  Read More »

Арсовска повторно ќе бара поддршка од советниците за набавка на еко-автобуси


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе се обиде од советниците да добие поддршка за набавка на еколошки автобуси. На дневен ред на седницата на Советот, која е закажана за 30 април, повторно ќе се најде предлогот за долгорочно задолжување на Град Скопје кај домашна банка за купување нови автобуси. Советот на Град Скопје првиот …

Арсовска повторно ќе бара поддршка од советниците за набавка на еко-автобуси Read More »

До 31 март отплата на долгови за вода на рати и без камата


Граѓаните на град Скопје кои имаат заостанати долгови за вода можат да склучат договори со ЈП Водовод и канализација – Скопје за отплата на рати без камата до крајот на месецов. -ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата …

До 31 март отплата на долгови за вода на рати и без камата Read More »

Дел од Кисела Вода денес без струја


Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат: -Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, ул. Христо Татарчев 1 бр 103 (позади Агрохемија) во (општина Кисела Вода ); – Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од ул.Антон Димитров (122-126), Драчево (општина Кисела Вода )

Повредена 20-годишна скопјанка, се качила во автобус и паднала на коловоз


Дваесетгодишната Н.М. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, откако, според пријавата во полицијата, вчера на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје и по придвижувањето на автобусот паднала на коловозот.  Повредите и биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.  -На 25.03.2023 во 07.20 часот било пријавено …

Повредена 20-годишна скопјанка, се качила во автобус и паднала на коловоз Read More »

Герасимовски: Завршени 60 отсто од реконструкцијата на „Ленинова“


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска направи увид во реконструкцијата на улицата „Ленинова“. Како што соопшти Општина Центар, со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациска мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела …

Герасимовски: Завршени 60 отсто од реконструкцијата на „Ленинова“ Read More »

Казнети 210 возачи во Скопје, 105 за брзо возење


 Во акциска контрола на сообраќајот на СВР Скопје на територијата на главниот град вчера биле казнети  210 возачи, од кои половина (105) за возење со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, шест казни се изречени за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол, седум за минување …

Казнети 210 возачи во Скопје, 105 за брзо возење Read More »