Скопје во Топ 10 европски градови со незадоволни жители од условите за живот


Фото: Б. Грданоски

Скопје уште еднаш влезе во категоријата на градови каде жителите на главниот град се незадоволни од условите за живот. Како главни критериурми во извештајот на SchengenVisaInfo.com се вклучени повеќе аспекти како безбедноста, пристапот до јавни добра, здравствената заштита, киријата и јавната администрација. Она што е интересното во овој извештај е што помалите градови се сметаат за подобри места за живеење за постари лица, фамилии со деца и според најновите критериуми и за мигрантите.

Друштво на Скопје во оваа категорија му прават градовите: Палермо (Италија), Атина (Грција), Истанбул (Турција), Тирана (Албанија), Наполи (Италија), Беград (Србија), Рим (Италија), Мишколич (Унгарија), Подогорица (Црна Гора)

Откако ги видовме кои се најлошите градови да ги видиме и кои се на листата на најдобите градови за живот според истражувањето.

Цирих, Швајцарија
Копенхаген, Данска
Гронинген, Холандија
Гданск, Полска
Лајпциг, Германија
Стокхлом, Шведска
Женева, Швајцарија
Рошток, Данска
Клуж, Романија
Брага, Португалија
И претходниот извештај кој беше објавен во 2020 година покажа дека 9 од 10 жители на Европа се среќни во местата каде што живеат. Она што беше забележително дека жителите се чувствуваат многу побезбедно во помалите градови отколку во поголемите, нешто што го покажува и овој извештај.