До април, Карпош целосно ќе биде осветлен со лед светилки


Фото: Б. Грданоски

Април месец е последниот рок каде се очекува да бидат целосно променети уличните светилки со ново лед осветлување во општина Карпош. До сега според општината се монтирани 1170 светилки каде веднаш е подобрен квалитетот на уличното осветлување но и со нивното монтирање се направило големи зашатеди.

– “Осветлувањето ќе работи на повеќе режими каде што ќе имаме дополнителна можност за заштеда, но во исто време граѓаните можат да се уверат на тие места каде што веќе се поставени колку е подобрено осветлувањето и каков подобар квалитет добиваат граѓаните со ова ново осветлување, а во исто време колкав бенефит ќе имаат граѓаните на Карпош со заштедите што ги направивме“, рече градоначалникот Јакимовски.

Градоначалникот Јакимовски вели дека штедењето на осветлување придонело општината да добие ново лед осветлување и им се заблагодари на жителите за разбирањето и трпението што го имале за целиот овој период. За целосна замена на светилките општината според тендерот планира да потроши 84 милиони денари.