Поради дефект утре без вода делови од Карпош


Поради уличен дефект на булевар „8-ми септември“ во Општина Карпош, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците потегот од Бул. „Партизански Одреди“ до „Митрополит Теодосиј Гологанов“, и дел од ул. „Варшавска“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 9 часот до санирање на дефектот.

Избега пациент од „Бардовци“


Пациент вчера избегал од психијатриската болница „Бардовци“. -На 13.06.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Психијатриската болница Бардовци се оддалечил пациентот В.С.(41) од Скопје, соопшти МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

За пожарите ќе се информира електронски, преку социјални медиуми


Апел за внимателно однесување во природа, беше упатен денеска од организираната кампања за заштита на шуми од пожар и на отворени простори, од страна на  Противпожарниот сојуз на Македонија, со Противпожарниот сојуз на Град Скопје, ДЗС и Македонски шуми. – Кампањата има за цел граѓаните преку делење на флаери да бидат едуцирани за заштита на …

За пожарите ќе се информира електронски, преку социјални медиуми Read More »

Во Центар означен крајот на учебната година со театарска претстава за врсничкото насилство


Во период кога насилството помеѓу децата и булингот се тема не само во државата, туку и во целиот регион, во Општина Центар приватниот театар Хит од Скопје ја изведе претставата „Во домот на Волшебникот“, информираат од Општината. Со оваа претстава градоначалникот на општината, Горан Герасимовски на пристуните ученици од основните училишта го честиташе крајот на …

Во Центар означен крајот на учебната година со театарска претстава за врсничкото насилство Read More »

Општина Аеродром иницира 50 отсто пониски комуналии за градба на куќи, ќе изгласа ли Град Скопје?


Општина Аеродром иницира постапка за намалување на комуналиите за 50% за индивидуално домување во населбата Лисиче и Горно Лисиче.    Општина Аеродром на последната седница на Советот, усвои предлог иницијатива за обраќање до Град Скопје со цел намалување за 50% на надоместокот за уредување земјиште за изградба на објекти за индивидуално домување (куќи) во населените …

Општина Аеродром иницира 50 отсто пониски комуналии за градба на куќи, ќе изгласа ли Град Скопје? Read More »

Општина Карпош во 2021 година привремено вработила 100 лица, за кои не се знае што работат


Државниот завод за ревизија денеска излезе со извештај за работењето на Општина Карпош, во кој констатира неколку неправилности, како на пример, дека со програмата биле предвидени привремени вработувања на 30 луше, а вработиле 100. Воедно, ревизорите констатирале дека за овие лица не е наведено кои им се работните задачи, туку на приватните агенции за вработување …

Општина Карпош во 2021 година привремено вработила 100 лица, за кои не се знае што работат Read More »

Без струја делови од општините Илинден, Кисела Вода и Сопиште


Без струја денеска од 08.20 до 15.30 часот ќе бидат  корисниците од селата Бујковци, Грушино, Мршевци и Бучинци во општина Илинден, а од 8 до 13 часот, корисниците од ул.„14 -Бригада“ во населба Драчево во општина Кисела Вода, информира РЦУК Скопје. Прекин на електричната енергија, од 9 до 15 часот, ќе има и за дел …

Без струја делови од општините Илинден, Кисела Вода и Сопиште Read More »

Фестивал на улична храна во Скопје, пет дена кулинарска авантура зачинета со музика


Италијански пици и паста, мексикански такоси и американски бургери од најдобрите ресторани и бистроа за улична храна во Скопје, ќе бидат само дел од понудата на првиот Skopje Street Food Festival што почнува денеска, а ќе трае до 18 јуни. Фестивалот ќе се одржува на паркингот на „Театар Комедија“. Во работните денови љубителите на улична …

Фестивал на улична храна во Скопје, пет дена кулинарска авантура зачинета со музика Read More »

Пријавете се за еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром


Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година. Родителите на првачињата потребно е до архивата  на Општината да поднесат потврда за запишан ученик …

Пријавете се за еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром Read More »

„Лајка“ заловува бездомни кучиња во Гази Баба


Од понеделникот, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ започна со стратешко заловување во општина Гази Баба. Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (12-16. јуни) ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово – соопштија од „Лајка“. Втората …

„Лајка“ заловува бездомни кучиња во Гази Баба Read More »

Без вода дел од населба Пролет


 Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Страшо Пинџур“ во населба Пролет,  утрово од 9 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во дел од населбата.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато  до санирање на дефектот, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Прв фестивал на улична храна во Скопје


Како секоја светска метропола, така и нашиот главен град добива свој препознатлив фестивал на улична храна. Skopje Street Food Festival ќе се одржува за прв пат од 14.06 до 18.06.2023 во центарот на градот, односно на паркингот на „Театар Комедија“, со почеток во 17 часот за време на работната недела и во 13 часот за …

Прв фестивал на улична храна во Скопје Read More »

Реновирано детско игралиште во Капиштец


Општина Центар неодамна почна со реконструкција на повеќе детски игралишта. Деновиве заврши и реконструкцијата на детското игралиште во населбата Капиштец. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека за детската смеа да биде уште погласна, а детската игра поинтересна на игралиштето во Капиштец општината ги реконстуирала детските лизгалки, клацкалки, лулашки и ги поправила другите оштетени …

Реновирано детско игралиште во Капиштец Read More »

Без вода дел од булеварот „Македонска Косовска Бригада“


 Поради изведување на водоводен приклучок на бул. „Словенија“ бб, во близина на ресторан „Аванти“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „Македонска Косовска Бригада“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација –  Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување со завршување со работните активности.

Си исфрлиле стари гуми во Карпош – „Комунална хигиена“ не е надлежна за нивно отстранување


 Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје констатираше непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми, од страна на непознати сторители, на улицата „Никола Парапунов“ во скопската општина Карпош, информираат утрово од претпријатието. – Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП „Комунална …

Си исфрлиле стари гуми во Карпош – „Комунална хигиена“ не е надлежна за нивно отстранување Read More »

Без струја делови од населбите Водно, Пинтија и Ѓорче Петров


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од жителите на скопските населби Водно, Пинтија и Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без струја денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Тасино Чешмиче“, „Ѓорѓи Скрижевски“ …

Без струја делови од населбите Водно, Пинтија и Ѓорче Петров Read More »

Земјено прскање против комарци во Скопје


 Втората фаза од терестрична (земјена) дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира од вечерва до 15 јуни 2023 година, од 22:00 до 3:00 часот. Градските власти информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските …

Земјено прскање против комарци во Скопје Read More »

Од недела до четврток ќе се прска за комарци во Скопје – приберете ги пчелите!


Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15.06.2023 година (од недела до четврток) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира втората фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот …

Од недела до четврток ќе се прска за комарци во Скопје – приберете ги пчелите! Read More »

„Паркови и зеленило“ ги отстранува сувите дрвја во Градски парк


Деновиве екипите од Секторот дрвореди вршат акција на отстранување и кастрење на сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк. Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се опасност за посетителите …

„Паркови и зеленило“ ги отстранува сувите дрвја во Градски парк Read More »

Средношколците можат бесплатно да се возат за летниот распуст со ЈСП


Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст. Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со …

Средношколците можат бесплатно да се возат за летниот распуст со ЈСП Read More »