Без струја корисници од скопските општини Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари и Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Без електрична енегија денеска ќе останат корисници од скопските општини Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари и Кисела Вода.

Како што информираат од ЕВН, во периодот од 08:30 до 15 часот корисниците од село Крушопек ќе бидат без струја, во периодот од 08:15 до 10:15 часот дел од корисниците од Трубарево, од 09 до 11 часот дел од корисниците од улица „Бутелски венец“ и во периодот од 08:30 до 15 часот дел од корисниците од населба Пинтија до семафорите кон Драчево.