РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, да се проверат инсталациите и да се подмират сметките


 Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот. Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со […]

Поради дефект без вода дел од Визбегово


Поради дефект на приклучна цевка од 3/4 на ул „1“ Визбегово бр. 10 без вода ќе останат корисниците на дел од ул. „Визбегово“ и дел од ул. „Индира Ганди“ крак 31. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 до завршување на интервенцијата.

Хари Мата Хари во сабота ќе пее на плоштадот во Автокоманда


Кон крајот на оваа работна недела, поточно во петок и сабота, голема забава во скопска Гази Баба. Музички имиња од земјава и Балканот ќе ги забавуваат присутните во рамки на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“!  – Најдобрата забава во Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4 и 5 октомври на плоштадот […]

Козле вечерва без вода – скината е цевка


Поради скината цевка Ф-5/4мм од странка/ фирма на ул. „Козле 2“ во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Козле“ крак 2, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 18:00 часот до санирање на дефектот. 

АХВ: Наредено е затворање на кујната во ,,Ѓорѓија Пулевски”, затруени 140 деца, седум со симптоми на зараза


Наредено е затворање на кујната, од која инаку не се носеле оброци за други училишни кујни, се до добивање на резултатите од лабораториските тестирања со што ќе се потврди безбедноста. Ова го одговорија попладнево од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, во врска со известувањето што го добиле, за сомнеж за труење со […]

Место зграда, ќе се гради катна гаража до пазарчето во Ѓорче Петров


Со мнозинство гласови советот на Општина Ѓорче Петров изгласа отпочнување на постапка за измена и дополнување на ДУП за Градска четврт СЗ 15, Блок СЗ 15.03, за обезбедување локација за нова катна гаража! „По години на недостаток на паркинг простор во Реонскиот центар, конечно се преземаат конкретни чекори за решавање на овој проблем кој го […]

Општина Аеродром: Правно лице казнето со 10 илјади евра за палење отпад


Општина Аеродром изрече парична казна во висина од 10 илјади евра на правно лице за палење отпад на отворен јавен простор. Имено, при вонреден инспекциски надзор извршен на 24 септември на бул. „Видое Смилевски-Бато“ бр. 13, е затекнат отпад од остатоци од градежни материјали што бил спален од страна на фирма подизведувач во градежни активности. […]

Град Скопје: Приватните превозници барале поскапување на услугите, Славевски не го ставил на разгледување


,,Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ. Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред […]

Се затруле ученици од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром?


Дечиња од прво до трето одделение од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна. Родител чија ќерка учи во ова училиште за Телма изјави дека повеќе нејзини соученици се со болки во стомакот и обилни дијареа и повраќање. За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што […]

В понеделник истекува рокот за поднесување барања за еднократна помош за првачиња во општина Аеродром


В понеделник истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3500 денари, соопшти денеска Општина Аеродром. – Семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром, секој работен ден до 15:30 часот. Образецот за аплицирање и сите други потребни документи […]

Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“, се одржува на неколку локации


Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ почнува вечер во Кулпарк, пред Културно- информативниот центар (КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ. -Носечката манифестација на Културно-информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал […]

Трето издание на „Маалски Фестивал“ под мотото „Културата како јавно добро“


Од денеска до 29 септември ќе се одржи третото издание на „Маалски Фестивал“ под мотото „Културата како јавно добро“. Во просториите на КСП „Центар – Јадро“ и во Мобилно – монтажната галерија во Парк на франкофонија, во рамки на фестивалот ќе бидат изведени голем број улични уметнички акции, а ќе биде одбележан и петгодишниот јубилеј […]

Промоција на Водич за активна транспарентност на политичките партии во Северна Македонија


По повод 28 Септември — Меѓународниот ден за слободен пристап до информации, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во соработка со Меѓународен републикански институт (ИРИ), денеска ќе го промовира новиот Водич за активна транспарентност на политичките партии во Република Северна Македонија. Целта на Водичот за активна транспарентност е […]

Град Скопје доделува субвенции за купување велосипед


Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари за лице, со вклучен данок на личен доход. Од Град Скопје информираат дека целта е стимулација на алтернативна форма на превоз за зголемена употреба на велосипедите. Право на учество на јавниот повик имаат […]

Кирков до Арсовска: За кого се бараат вработувања во ЗОО Скопје, кога половина кафези се празни


 Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката во Скопје се претвори во хорор приказна, смета советникот во Град Скопје, Стефан Кирков. „Мојот збор ќе се однесува за годишната програма за вработување во Зоолошката Градина. Навистина ми е жал што немаме претставник од Зоолошката Градина што говори и за тоа каква […]

Дел од Карпош утре без струја


Дел од скопската општина Карпош ќе остане без струја во текот на утрешниот ден, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре во периодот од 8:30 до 12 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Јуриј Гагарин“, се […]

Арсовска повторно не се појави на советнички прашања


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и постават прашања за случувањата во градот. Претседателот на Советот, Трајко Славевски по дадената пауза од 10 минути да ја пронајде градоначалничката и да се појави на седница на советот мораше да ја заклучи. „Бидејќи не […]

Есенска дератизација во општина Аеродром


 Општина Аеродром деновиве го почнува спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата нејзината територија, информираат од Општината. При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во општината. Есенската и пролетната дератизација, велат од Општина Аеродром, претставуваат мерка за заштита на населението […]

Без струја делови од Сарај


 Регионалниот центар за управување со кризи информира дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека  денеска без електрична енергија ќе биде дел од општина Сарај. Како што велат од РЦУК, во периодот од 08.30 до 13.00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците од село Кондово во општина Сарај. 

Без вода делови од Центар


Поради изведување водоводен приклучок – 80 мм  на улица „Коле Неделковски“ 15а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Наум Наумовски Борче“ и од „Ленинова“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.