На депонијата Визбегово фатени камиони како истураат токсичен смет и градежен отпад


Камиони истураат токсичен отпад и градежен шут на депонија во Визбегово, за која градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска тврди дека била исчистена. Сега ги снимиле со дрон, и бараат во рок од 30 дена да биде вратено во првобитната состојба, а потоа ќе се соочат со казни.

– Сакам да ја известам целата македонска јавност дека ставивме крај на уште една дива депонија на територијата на Град Скопје, депонија која со децении ги труе скопјани – информираше градоначалничката Данела Арсовска.

– Депонијата се наоѓа во населба Визбегово, a нашите инспектори на лице место затекнаа камиони и тешка механизација како истура токсичен смет и градежен отпад, по што беше повикана и полицијата да реагира. Она кое што било дозволувано со години и поминувало неказнето денес се санкционира, сопствениците ќе одговараат кривично со својот имот и со својата слобода. За крај им се обраќам на сите оние кои што со ваков екоцид штетат на здравјето на граѓаните, заврши вашето време, заврши времето на неказнивоста, одговорност ќе има за сите – вели Арсовска.

 

Пред неколку дена, во слична акција Арсовска се закани и на сопственик на дива депонија во Ѓорче Петров, кој наплаќал за одлагање отпад на државно земјиште.