Левица ја напушти седницата на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја укинал дебатата


Советничката група на Левица денес  ја напушти седницата на Советот на Град Скопје, како протест против новиот начин на одржување на советничките прашања, со кој советниците се принудени сите прашања да ги поставуваат на почетокот на седницата, а одговорите да ги добиваат „топтан“, без можност за вистинска расправа и непосредно соочување со градоначалникот, директорите на […]

СДСМ: Цените се зголемија до плафон, Владата не мрда со прст


СДСМ оценува дека цените на храната, горивото  и другите производи во државата пораснале до плафон и растат и натаму, а Владата и натаму не мрда со прст. -Цените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат, а стандардот на граѓаните паѓа. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со […]

Во Штип почнува да се нормализира водоснабдувањето


Се нормализира водоснабдувањето во градот Штип. Повеќето од штипските населби имаат вода за пиење, освен граѓаните што живеат во повисоките зони на градот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, за МИА појаснува дека во текот на денот ќе има нормално водоснабдување во градот и во приградските населби. Вчера, поради висока матност на водата, која доаѓа […]

Патот Прилеп – Битола во целосен прекин


АМСМ информираше за состојбата на патиштата низ Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 05:15 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола, кај млин […]

Утре започнува новата учебна година, околу 14.500 првачиња првпат ќе седнат во училишните клупи


  Од утре започнува учебната 2026/2027 година за учениците во основните и средните училишта низ Македонија. За околу 14.500 првачиња ова ќе биде прва средба со училишните клупи, наставниците и новите соученици. Бројката на првачиња не е конечна, бидејќи дополнителното запишување ќе трае до крајот на септември, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. […]

Без струја дел од Радишани


– Без струја денеска од 8 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улица 26 и улица 34 во населбата Радишани, Општина Бутел, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според известувањето, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје


Повторно се воспоставува желеничката врска меѓу Зелениково и Скопје. Од 1 септември на таа релација ќе сообраќа воз осум пати дневно во двата правца.  Возот тргнува од Зелениково и ќе застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната е Железничката станица Скопје. Возовите од Зелениково ќе тргнуваат во 6:20 часот, […]

На 5 септември Скопје ќе дише во духот на Веспата


Следната сабота Скопје ќе биде центарот на Веспа – мотоциклите. На паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ не само љубителите на Веспа, туку и сите заинтересирани ќе може да уживаат во целодневен настан посветен на овие симпатични италијански мотоцикли кои се почесто се сретнуваат по македонските улици. Настанот нуди можност да се видат уникатни модели […]

Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 31 август 2026 година, 243-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 122 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 58 минути, а ќе зајде во 19 часот и 9 минути. Денов трае 13 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

За влез во Македонија од Грција се чека и до два ипол часа


Големи колони вечерва се формираа на граничниот премин Евзони-Богородица, на влез во Македонија од Грција. Според сведоштва на патници, чекањето попладнево и вечерва е од  час и половина до два ипол часа, а колоната на грчка страна се протега од патарината до граничниот премин. Зголемениот сообраќај се совпаѓа со крајот на продолжениот викенд и враќањето […]

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно?


ЛДП реагира на информацијата дека двокатен автобус на ЈСП се запалил на Водно, но за среќа немало патници во него, бидејќи се враќал назад. -До кога ќе се молиме Господ да нѐ чува затоа што институциите очигледно не нѐ чуваат?! Пред една година јавно предупредував за безбедноста на жичницата на Водно и прашував дали треба […]

Ангелов: Вчера регистрирани 30 пожари, тој во Пелистер најтежок за гаснење


Пожарот што изби од преспанската страна и се движи кон Националниот парк „Пелистер“ и понатаму е најтежок и најкомплексен за гасење во земјава, а во неговото сузбивање се вклучени копнени сили, механизација, ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и армиски хеликоптер, информираше денеска директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Ангелов истакна дека во текот […]

ЈСП ќе ја утврдува причината за пожарот


Надлежните служби на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги спроведуваат сите неопходни проверки и ќе биде утврдена точната причина за пожарот со кој претпладнево беше зафатен автобус наова јавно претпријатие кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно – велат од ЈСП „Скопје“. Во пожарот нема повредени лица и не ја зафатил парк-шумата „Водно“. Спречена е […]

На Водно горел автобус, а не шума


На Водно немало шумски пожар туку  темниот чад штосе појави потекнувал од двокатен автобус број 25, поточно од горниот кат на возилото кој се опожарил.Автобусот се запалил веднаш штом ги оставил патниците по што возачот го оддалечил автобусот од шумата, а пожарот е веќе изгаснат и нема повредени. -Нема жртви. На лице место сум, саниран […]

СДСМ за дата центрите: Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати


СДСМ реагира на обвинувањата на владеечката партија дека е против економски развој со противењата за изградба на дата ресурси во земјата. Според нив, премиерот Христијан  Мицкоски јавно вели дека процесот е отворен и транспарентен, а самиот признава дека преговара со 5-6 инвеститори зад затворени врати или под радарот. „Зошто не се објавуваат нивните имиња? Со […]

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


 По локалното невреме што синоќа зафати делови од земјава, најмногу количина дожд наврна во Крива Паланка, 30 литри на метар квадратен, соопшти УХМР.  Според измерените податоци, 18 л/м2 наврнале во Струмица, 13 Виница, 8 Берово, 6 Тополчани, 3 Битола, 1 Радовиш, Крушево.  УХМР напоменуа дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира […]

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал


Непалските власти предупредија за зголемување на нивото на реките во регионот кој беше погоден од катастрофални поплавите по должината на границата со Кина, во кои животот го загубија најмалку 750 луѓе, објави ДПА. Националниот орган за намалување и управување со ризици од катастрофи ги предупреди жителите и спасувачите да бидат внимателни по должината на реката […]

Двајца повредени при гаснењето на пожарот на Пелистер (ВИДЕО)


Пожарот на Пелистер е локализиран но опасноста од негово ширење и натаму постои. Ноќеска при гаснење на огнот повредени се две лица припадници на единиците кои учестуваа во акцијата на Пелистер. Според директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, здравствената состојба на повредените е стабилна. „После пеколната ноќ на терен во која дејствуваа екипите на НП […]

Стојанче Ангелов за Салиу: Дали и мене ќе ме апсат ако по 10 години се случи трагедија?


Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасувањево гостување во емисијата Стадион на Канал 77, рече дека поранешните директори на институцијата кои се опфатени со одговорност во случајот со трагедијата во Кочани се колатерална штета. Тој не гледа зошто за трагедијата се бара одговорност од поранешниот директор на ДЗС Шабан Салиу, ако функцијата ја […]