Онколошките пациенти чекаат и за дијагностика и за терапија
Како лекувањето на канцер да не е доволен стрес, па агонијата на онколошките пациенти се продлабочува со чекање за дијагностика.
А се чека и за терапија, Страшко Денковски имал среќа, па само еднаш се вратил во Кратово без да прими терапија.
Добринка Михајловска од Куманово ја носи својата сестра за терапија на Онкологија, патувањето исцрпува и ги чини 5.000 денари, а чекањето си го прави своето.
За децентрализацијата сè уште само се зборува. Пациенти од цела Македонија се лекуваат само на едно место.
Многу пациенти, многу проблеми за решавање.
Тројца министри најави, но сè уште ништо не се случува пациентите требаше да примаат терапија и во Штип, Битола и болницата „8 Септември“. Директорот на Онкологија вели се надева дека после Нова година некои пациенти ќе можат да добиваат терапија во болница „8 Септември“. Директорот не можеше да каже ни дека ќе се реши проблемот со недостиг на лекови којшто се јавува од страна на добавувачите, иако има пари, пак недостигаат лекови во одредени временски периоди.
Од многу ветувања низ годините она што денеска го добија пациентите хоспитализирани на Клиниката за онкологија беше традиционалниот појадок и разговор од Здружението на ХЕМА ОНКО. објавува Журнал.мк