Делови од општините Аеродром и Кисела Вода без струја


Фото: Б. Грданоски

Корисниците од улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче, општина Аеродром денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во период од 10:30 до 15:30 без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Караџица“ во населбата Пржино во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдвуањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички интервенции во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.