Карпош бележи пешачки пред училиштата и градинките, но тие водат во автомобил!


Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообраќајот.

Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош.

Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош.

Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Апелираме за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи, велат од општината.

Од фотографиите што ги испратиле, а имаат за цел да нѐ убедат дека тоа и се сработило, забележливо е дека пешачките се пребоени, но тој пешачки води дирекно во паркиран автомобил на тротоар. И на втората пратена фотографија, се гледа дека автомобилот всушност го блокира тротоарот. Безбедноста на пешаците, учениците, родителите не се гарантира само со обележување пешачки.