Од утре дожд, а во вторник и снег на планините


Фото: Б. Грданоски

Од утре до редината на следната седмица под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, локално пообилен. Вкупно се очекува да наврне над 20 л/м2, особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветар и појава на грмежи. Во вторник под влијание на псотуден бран врнежите на некои повисоки планини ќе преминат во врнежи од снег.

Во Скопје, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежните ќе бидат пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветар, а температурата ќе опадне.