Астрономски календар


Денеска е вторник, 1 септември 2026 година, 244-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 121 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 59 минути, а ќе зајде во 19 часот и 8 минути. Денов трае 13 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

ДОМ: Водно не е градежна парцела, ќе гласа против „Барутана“


ДОМ силно ја поддржува петицијата за повлекување и преиспитување на нацрт ДУП-от за „Барутана“ и запирање на предвидената изградба во пошумените делови на Водно.   -Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат петицијата и да се вклучат во јавната анкета за нацрт ДУП-от „Барутана“. Петицијата може да се потпише на следниот линк: Стоп за бетонизација на Водно. Советникот на […]

Алијанса за Албанците: ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ договориле дел од Бутел да влезе во општина Чаир


Во јавноста кружат сериозни информации дека ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ се договориле дел од територијата на Општина Бутел да се припои кон Општина Чаир, објави преку соопштение Алијансата за Албанците. -Доколку оваа информација се потврди, граѓаните треба да бидат информирани за договорот, а не само за верзијата подготвена за јавноста.ВМРО-ДПМНЕ ќе им каже на своите гласачи […]

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го отворија патот за спорната градба кај „Кузман“


Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на денешната  седница на Советот на Општина Центар не ја поддржаа  суспензијата на дел од ДУП „Буњаковец 1“, со која требаше да се спречи реализацијата на спорната градба кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, сè додека не се обезбедат безбедни и правно сигурни услови за пристап и реализација на објектот. За […]

Изгласан новиот ребаланс на буџетот на Град Скопје: Дополнителни средства за онколошките болни


Советот на Град Скопје го изгласа новиот ребаланс на буџетот, со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални проекти, поддршка за граѓаните и справување со обврските на Градот и јавните претпријатија. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со ребалансот буџетот се зголемува за 61,76 милиони денари, со што основниот буџет на Град Скопје достигнува 5.324.649.755 денари. Еден […]

Жичницата уште непочната да се сервисира ќе „лапне“ 732.000 евра


  Веќе неколку месеци жичницата од Средно Водно до Милемиумскиот крст не работи, откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави дека таа никогаш не била сервисирана и не е безбедна. Денеска на седница на Советот, по втор пат се наоѓа пред советниците одлука со која на претходно одобрените 20 милиони денари за сервисирање на жичницата, со која […]

ДКСК виде ризици за корупција во Законот за финансирање на партиите


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) објави извештај по извршена антикорупциска проверка на одредбите од Законот за финансирање на политичките партии и констатира коруптивни регулаторни ризици во законот кои според членовите на Комисијата треба да се надминат. На денешната седница, претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, посочи дека Комисијата по сопствена иницијатива и согласно антикорупцискиот […]

Имате прваче? Подигнете си бесплатно пакетче од „Плазма“ и „Роса“


Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во […]

Граѓаните на Гостивар нема да ги плаќаат сметките за вода за август


Со последната одлука на Општинскиот совет, гостиварци ќе бидат ослободени од плаќање на фактурите за вода за изминатиов месец. Иницијативата беше поведена од Советот на општина Гостивар како мерка за ублажување на последиците од кризната состојба и епидемијата кои траеа еден месец. На денешната седница, беше образложено дека се разгледувале и можности за ослободување од […]

Јаневска повика да се почитува реонизацијата при запишувањето на учениците во училиштата


Во моментот се изработува проект за реконструкција на покривот на ОУ „Наум Наумовски-Борче“ во Гази Баба. За децата нема да има проблем да влезат на часови затоа што има плоча и училниците се обезбедени, рече министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со загриженоста на родителите на децата од ова училиште во населбата […]

Учебната година почнува со 433 паралелки помалку и затвoрени 148 училишта


  Новата учебна 2026-2027 година започнува утре и наставата за сите ученици ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои завршуваат на 17 мај. Но оваа учебна година е посиромашна за 433 паралелки, од кои 222 во основно и 211 во средно образование откако Министерството за образование реши да ги спои малите паралелки во […]

Учениците од ООУ „Киро Глигоров“ од 4. до 9. одделение ќе следат онлајн настава


Учениците од четврто до деветто одделение во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна 2026/2027 година ќе ја започнат со настава од далечина, поради градежните активности што Министерството за образование и наука ги изведува во дел од училишниот објект. Станува збор за инвестиција што се реализира во рамки на Проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП), чиј […]

Продолжена забраната за движење во Националниот парк Шар Планина до крајот на септември


Поради високите температури, сувото време и зголемениот ризик од пожари на отворен простор, забраната за движење на територијата на Националниот парк „Шар Планина“ е продолжена до 30. септември. Од ЈУ Национален парк „Шар Планина“ информираат дека мерката е донесена со цел да се спречи појавата и ширењето на пожари, да се заштити природата и да […]

Подобра енергетска ефикасност и услови за децата во градинката „Бамби“ со поддршка од ТИТАН Усје


Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Општина Аеродром за првпат доби термофасада, со што значително ќе се подобрат енергетската ефикасност и условите за престој на децата. Инвестицијата е реализирана со донација од ТИТАН Усје, како продолжение на долгогодишната соработка на компанијата со локалната заедница во унапредувањето на образовната инфраструктура. Со оваа инвестиција […]

Ѓорѓиевски ги видел новите автобуси – биле ултрасовремени! Кога ќе ги видат скопјани?


Потпишан е договорот за набавка на 150 електрични автобуси, а првите возила треба да пристигнат до крајот на годинава, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Советот на Град Скопје. Договорот е потпишан со унгарската компанија „Икарус“. Ѓорѓиевски рече дека веќе ги видел автобусите и ги оцени како ултрасовремени. Според него, тимови […]

Со 40 камиони и 3.500 контејнери почнува офанзива против отпадот во Скопје


Во четврток пристигнуваат 40 камиони  за собирање отпад, а до крајов на месецов веројатно Градот Скопје ќе добие околу 3.500 нови контејнери, со што градоначалникот Орце Ѓорѓиевски очекува проблемот со отпадот во главниот град да стане минато.  Тој, одговарајќи на советнички прашња, појасни дека место првично планираните 2.000 контејнери, ќе се набават 3.500, 3.600 контејнери, […]

Од утре само еднаш дневно бесплатен влез на Скопскиот аеродром


Од утре, 1 септември, стапува во сила нов режим за користење на зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје. Возилата и натаму ќе можат бесплатно да застанат до 10 минути за оставање или преземање патници, но истото возило ќе може да ја искористи оваа можност само еднаш во период од 24 […]

Ќе биде награден возачот на ЈСП што го однесе запалениот автобус на безбедно


Награден ќе биде возачот на автобусот број „25“ на ЈСП, што се запали вчера на Водно, соопшти денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.  Имено, автбоусот со број „25“ што сообраќа до Средно Водно, вчера се запали и згоре, а во него немаше патници. Но, возачот го испразнил една постојка претходно и го однел на широк […]

Се ожени братот на Били Ајлиш кој е заслужен за нејзината слава


Лос Анџелес – Братот на Били Ајлиш, музичарот Финеас О’Конел (29) и неговата долгогодишна девојка – глумицата Клаудија Сулевски, се венчаа  викендов. Брачниот пар си ги разменија заветите на имотот „Сан Исидро ранч“ во Санта Барбара, Калифорнија, САД, објави „Пејџ сикс“ (Page Six). Според фотографиите објавени на Фејсбук-страницата „Думуа“ (Deuxmoi), свадбената свеченост на отворено ја […]

Илинден почна со изградба на нов парк во Миладиновци


 Општина Илинден започна со изградба на нов парк во населеното место Миладиновци, во рамки на активностите за уредување и унапредување на јавните површини и создавање нови рекреативни содржини за граѓаните. Како што соопшти Општината, со проектот е предвидено целосно уредување на постојниот простор со нови зелени површини, пешачки патеки и урбана опрема. Во рамки на […]