За недела одложено поправањето на оградата на мостот „Близнак“, сообраќајот ќе биде прооден


Фото: Б. Грданоски

Од ЈП „Улици и патишта“  известуваат дека на 11.10.2026г./недела/ екипа претпријатието, на потегот по должина на булеварот „Киро Глигоров“ преку мостот „Близнак“, од крстосницата со улица „Индустриска“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“ (во насока на движење кон населба Аеродром), во период од 6 часот до 8 часот наутро, ќе реализира активности за санација на оштетената заштитна пешачка ограда на мостот, односно замена и монтажа на оштетените оградни елементи на мостот.

Поради изведба на работите ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента која ќе биде обележана со соодветна сообраќајна сигнализација за насочување на учесниците во сообраќајот, а останатата сообраќајна лента во насоката на движење останува слободна за непречено одвивање на сообраќајот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи до завршување на работните активности и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, велат од таму.