Превозниците со автобуси ќе им се приклучат на камионџиите на протестите – границите може долго да бидат затворенит


Белгиско-македонскиот бизнис клуб бара решение за проблемот со престојот на транспортерите во Шенген зоната, предупредувајќи дека е можно на камионџиите да им се приклучат и превозниците со автобуси  и трајно да се блокираат границите во регионот. Тоа исто така објави анализа со тајминг на случувањата во која стои:  „Германско-српската стопанска комора  информира за можни блокади […]

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град


Времето утре и задутре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки […]

Уште пет пациенти се во болница со западнонилска треска – кај тројца состојбата се подобрува


Уште петмина пациенти се на болничко лекување од западнонилска треска, од кои тројца повеќе не се на апарати, а нивната здравствена состојба е подобрена. Досега 28 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување, додека вкупно годинава од западнонилска треска заболеа 53 пациенти. Епидемиолошката состојба со западнонилската треска се смирува, а преземените мерки и засилената […]

Јаневска ги повика првачињата освен знаење, да побараат да стекнат братче или сестриче


Демографијата покажува ерозија на населението во Македонија, сѐ повеќе умрени, од новородени, а таквата прогресија на негативните бројки се покажува во празните клупи во училиштата.  Во 2025 година новородени се 15.850 деца, што е за 1,3 отсто помалку од годината претходно, а пак од 2020 година, кога се родени денешните првачиња, бројката е помала за […]

Сиљановска би сакала да се врати во детството и да се запише во училиште


  „Нема подобра инвестиција од онаа во знаењето“, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на првачињата во Охрид, посакувајќи им успешен почеток на школувањето. И рече дека би сакала да се врати во детството и да се запише во училиште со таков амбиент и резултати. Сиљановска-Давкова заедно со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, присуствуваше на […]

ОУ „Киро Глигоров“ ќе има шест нови  училници – девет дена онлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение 


Околу 500 ученици од четврто до деветто одделение во ОУ „Киро Глигоров“ во скопската општина Центар две недели, односно девет работни дена ќе учат онлајн зашто во училиштето се приспособува простор за шест нови училници за да се воведе едносменска настава. Учениците до трето одделение во овој период настава ќе следат со физичко присуство.  -Се […]

Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд


Новоизбраната претседателка на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, денеска пред Судскиот совет даде свечена изјава пред стапувањето на функцијата, при што порача дека ќе продолжи со досегашното темпо на работа и како клучни приоритети ги посочи одржувањето на ажурноста на судот, намалувањето на заостанатите предмети, целосната анонимизација на судските одлуки и унапредувањето на транспарентноста […]

Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје – инвестиција од 92,7 милиони денари


Започнува реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје, инвестиција вредна 92,7 милиони денари без ДДВ, со која ќе се подобрат условите за пациентите и медицинскиот персонал и значително ќе се зголеми енергетската ефикасност на објектите, информираат од Министерството за финансии. Како што посочуваат, потпишан е Договор за грант помеѓу Министерство […]

За сипаници, со МРП, вакцинирани само 62 отсто од децата – далеку сме од колективен имунитет


  Морбилите или мали сипаници за кои постои вакцина и е задолжителна со вакциналниот календар, сепак се појавија во регионов, во Косово и во Бугарија, а здравствените власти повикаа родителите да ги вакцинираат децата. – Сакам да упатам апел до сите граѓани на Македонија, да поревносно пристапат кон вакцинација од морбили. Опфатот на вакцинација е […]

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, но најважно е да научите како да бидете добри другари


Среќен почеток на новата учебна 2026-2027 година им посака утрово на учениците министерката за образование и наука Весна Јаневска, која во ОУ „Киро Глигоров” во Центар присуствуваше на официјалната промоција на кампањата на „Македонски телеком“ против врсничко насилство и мирни и безбедни училишта.  Првиот училиштен ден таа посебно им го честиташе на првачињата и на […]

Тринаесетгодишно дете избодено во Чаир, во исклучително тешка состојба


Тринаесетгодишно дете се бори за живот, откако било избодено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во скопски Чаир, дознава Телма. Според болнички извори, детето е во исклучително тешка здравствена состојба. Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, велат за Телма извори од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во […]

Без вода денеска дел од корисниците во Карпош


 Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Ташкенска“, „Мексичка“ и „Хаванска“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје,  прекинатото водоснабдување е поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Хелсинки“ бр. 53. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот до завршување на санацијата на дефектот. 

ФЗО: Во август исплатени над 623 милиони денари за боледувања од кои над 414 милиони за породилни отсуства


Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на август годинава исплати вкупно 623.150.780 денари по основ на надоместок на плата за привремена спреченост за работа, од кои 414.050.780 денари се исплатени за породилни отсуства. Како што информирааат од ФЗО, станува збор за исклучително висока месечна реализација, постигната со засилена обработка на предметите и внимателно планирање […]

Без струја денеска дел од корисниците во Аеродром и Центар


Без струја денеска од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ лоцирани спроти ресторанот „Рагуза“, дел од корисниците на улицата „Бранко Гапо“, како и дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“ – крак 17 во Општина Аеродром. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од […]

Зелениково се поврзува со Скопје со Градски воз – утре ќе се возат Мицкоски и Николовски


Градскиот воз започна да сообраќа денеска на првата од трите предвидени линии и тоа: Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче и Нова железничка станица Скопје. Железници Инфраструктура за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на […]

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година


 За 238 илјади ученици – 174 илјади основци и 64 илјади средношколци денеска почнува учебната 2026-2027 година. По летниот распуст тие се враќаат на настава која ќе трае до 10 јуни в година, освен за матурантите за кои ќе заврши на 17 мај. Зимскиот распуст помеѓу двете полугодија ќе биде од 31 декември до 21 […]

Без вода дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“ во Карпош


 Дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводна цевка. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 8:30 часот поради дефект на водоводна цевка со пречник од 200 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“, спроти Заводот за […]

Почнува Светското првенство во крапски риболов – „Маврово 2026“


Во Маврово денеска почнува Светското првенство во крапски риболов – „Маврово 2026“ на кое, како што е најавено, ќе учествуваат репрезентации од 33 земји.  Првенството ќе биде отворено попладнево, на спортското игралиште на „Спорт хотел“. На свеченоста ќе присуствуваат претставници на државните институции, локалната самоуправа, НП Маврово, FIPSed, Македонската риболовна федерација, националните репрезентации, спортски работници […]

Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени


Според Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне […]