Градскиот воз тргна – ќе подзапрат ли возачите на автомобили на патните премини?


Со симобличното возење беше означено пуштањето на првата фаза од Градскиот воз од Зелениково до Скопје и обратно, што треба да сообраќа по осум пати во текот на денот.  Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а потоа ќе има поаѓања во: 8:30 часот, 12:26 часот,  14:00 часот, 16:25 часот, 18:30 часот, 20:12 […]

Доделени 850 таблети на четвртоодделенците во Аеродром


Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески денес во основното училиште „Љубен Лапе“ на учениците од четврто одделение им доделија таблет уреди. Петта година по ред локалната самоуправа го реализира овој проект со средства од општинскиот буџет, а се опфатени четвртоодделенците од сите основни училишта на […]

Во сабота ќе се прска против ларви од комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 05.09.2026 година (сабота), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.   Се известуваат […]

Мицкоски, Николоски, Ѓорѓиевски се повозија со Градскиот воз


Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките пртрпијатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, утрово, придружувани од медиуми, со Градскиот воз тргнаа од железничката станица во Зелениково кон Скопје. Симболичното патување е по повод официјалната промоција на проектот „Градски воз“ на првата од трите предвидени линии со која се […]

Општините поделиле 4 милиони евра за поддршка и дотации на граѓаните во изборната 2025 година – Аеродром најмногу


Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за парите што ги даваат општините за субвенции и дотации на граѓаните. Истражувањето покажува дека: – 63 општини во земјава лани потрошиле 4.056.482 евра за разна финансиска поддршка и дотации за жителите во општините. – Ова е за речиси еден милион евра повеќе отколку […]

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати


До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно 41 пожар на отворен простор, од кои шест се активни, пет под контрола, а 30 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица во општина Штип, каде што гори ниска вегетација, во селата Пискупштина, Луково […]

Сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 2 септември 2026 година, 245-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 120 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 19 часот и 6 минути. Денов трае 13 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а ќе зајде […]

Предложен притвор за едно лице за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир


Јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор  за 19-годишник осомничен за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир.  Јавното обвинителство вечерва соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило […]

Од утре до сабота 99 тимови од 33 земји ќе ловат крап на Светското првенство на Мавровското Езеро


Во присуство на натпреварувачите, гости и љубители на риболовот на свечена церемонија вечерва во Маврово беше официјално отворено 26-то Светско првенство во лов на крап – Маврово 2026, кое од 2 до 5 септември ќе се одржува на Мавровското Езеро. На првенството учествуваат 33 држави со 99 тимови, кои во Маврово ќе ги одмерат своите […]

Пет активни пожари низ државата


 Пет пожари се активни од регистрираните 22  на отворен простор низ државата денеска до 18 часот.  Пет пожари се под контрола, а 12 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во општина Штип, помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, гори ниска вегетација, а шума во општина Струга на територија на селата Пискупштина, […]

Потпишан договор за партерно уредување на Еко паркот „Езерце“ во Пехчево


Општина Пехчево денеска официјално потпиша договор за реализација на проектот „Партерно уредување и поставување на урбана опрема на еко парк Езерце – Пехчево“. Изведувач на градежните работи е фирмата Друштво за градежништво, проектирање, надзор, ревизија, производство, трговија и транспорт „ГРАДЕЖНИК ИНГ“ ДООЕЛ увоз – извоз од Берово. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 3.683.610,00 денари, а […]

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор


Во периодот од 1 јуни до 31 август 2026 година, на територијата на државата се регистрирани вкупно 1.696 пожари на отворен простор, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али. Од вкупниот број регистрирани пожари, како што вели, 69 биле шумски пожари, додека 1.627 пожари биле регистрирани на висока сува трева, стрништа, […]

Скопските средни училишта добија современи кабинети, лаборатории и спортски терени објави


Новата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и современи услови за учениците. Во текот на летниот период беа реализирани низа инвестиции во образовната инфраструктура, со цел создавање поквалитетна и инспиративна средина за учење. Обновени и опремени се кабинети по математика и физика, лаборатории по хемија и биологија, а училиштата добија современа […]

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне


ВМРО ги излажа пензионерите и во време на економска криза не донесе ниту една конкретна мерка за да им помогне, обвини потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител, се посочува во соопштението од СДСМ. Тренчевска посочи дека власта најпрво го стави на страна законскиот модел на процентуално усогласување […]

Идните полициски службеници се построија под знамето


По пауза од речиси три децении, денеска официјално започна со работа новото државно Средно полициско училиште “7 Мај”, со што земјава повторно добива системски процес за образование на иден полициски кадар. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека овој ден претставува историски чекор за реформата и модернизацијата на полициските служби во државата. -1 септември […]

Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта


 Македонија ја започнува новата учебна година со поразителни бројки – 3.000 помалку првачиња, 433 паралелки помалку и 26 затворени училишта, најтажен почеток на школска година во државата, истакна денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче и порача дека празните училници се еден од најсилните показатели за последиците од политиките на актуелната власт. -Денеска почнува […]

Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе ја испитува одлуката за новиот режим за застанување со возило на аеродромот во Скопје


Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) врши анализа на новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје, со кој бесплатниот престој до 10 минути е ограничен на еден влез со исто возило во период од 24 часа, информираат од КЗК. Анализата, како што велат, […]

Божиновска во средното техничко во Велес: Не плашете се од технологијата – научете ја


По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски, наставниците и учениците и се запозна со наставниот процес, практичната обука и условите за образование. На првиот училишен ден, министерката им се обрати […]

Тошковски: Врсник го избодел 13-годишното дете кое се бори за животот


Сите учесници во инцидентот во скопската населба Чаир, во кој со нож беше повредено 13-годишно дете, се обезбедени од страна на полицијата – изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски појаснувајќи дека се приведени вкупно пет лица. Според министерот, повреденото дете се наоѓа во многу тешка здравствена состојба и се бори за животот. – […]