Велешанец го повредил соседот со нож


Триесетгодишен маж синоќа во Велес со нож прободел свој сограѓанин во ходник во станбена зграда, при што му нанел повреди во пределот на градниот кош. Во СВР – Велес вчера околу 22:05 часот било пријавено дека во ходникот во станбената зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.А. (30) од Велес со нож го прободел …

Велешанец го повредил соседот со нож Read More »

Терористи излегуваат на слобода, нема програма за ресоцијализација


Оџата Реџеп Мемиши, кој бил учител и на седумтемина македонски државјани кои минатата недела беа вратени во Македонија, во 2016 година беше осуден на седум години затворска казна. За пет години оџата од Тутунсуз џамијата од скопски Чаир ќе излезе од затвор и никој не може да гарантира дека нема да регрутира нови борци за …

Терористи излегуваат на слобода, нема програма за ресоцијализација Read More »

Заев на Фејсбук: Гордо влегуваме во Европа


Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ. Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил. Постот е дел од владината кампања за есенскиот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа со …

Заев на Фејсбук: Гордо влегуваме во Европа Read More »

Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Нови рочишта за „Титаник“ на СЈО се закажани за 16 и 17 август, додека последната недела од август продолжуваат и судењата за „Т.Н.Т.“ и „Тврдина и Таргет“. За време на судската ферија од 15 јули до 15 август во Кривичниот …

Неделава продолжува судењето за предметот „Титаник“ на СЈО Read More »

Еден загинат и 22 повредени во сообраќајки во Скопје за време на викендот


Едно лице загинато и 22 повредени, од кои едно потешко, е билансот од вкупно 25-те сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Скопје за време на викендот. Во 14 сообраќајки причинета е материјална штета. Според извештајот на СВР Скопје, за време на викендот 116 возачи возеле побрзо од дозволената брзина, а од сообраќај се …

Еден загинат и 22 повредени во сообраќајки во Скопје за време на викендот Read More »

Договорот со Грција – „рамковен договор“ за името


Кога беше усвоен Охридскиот рамковен договор во 2001 година, под многу деликатни и тешки околности, меѓународната заедница ги поздрави победата на  дипломатија и храброста на лидерите. Денешното одбележување на 17-годишнината од неговото потпишување во претседателската резиденција на Водно го краси одредена посебност, врзана со исклучително важниот момент за државата – плебисцитарното изјаснување за договорот со …

Договорот со Грција – „рамковен договор“ за името Read More »

На Богородица и Табановце се чека до 15 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, одобено кон туристичките места и граничните премини. На граничните премини Богородица и Табановце, за излез од Македонија се чека од 10 до 15 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Сообраќајот на државните …

На Богородица и Табановце се чека до 15 минути Read More »

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ за 17 години Рамковен договор


Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања. – Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. …

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ за 17 години Рамковен договор Read More »

Сончево и топло со температура до 37 степени


Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 28 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.

И кучињата можат да уживаат во базен


Релаксација за сопствениците и забава за милениците. Ова е идејата на забавниот парк за кучиња „Ав-ав хепи дог“, кој се наоѓа во скопско Бардовци. Замислен е како е проект со кој ќе се обезбеди заштита на животните преку времено вдомување и нега на бездомните кучиња, а во исто време како дневна градинка и хотел за …

И кучињата можат да уживаат во базен Read More »

Ноќеска доаѓа дожд од метеори


Секоја година кон средината на август паѓа метеорски дожд, а тој природен феномен повторно ќе се случи ноќеска. Дождот од т.н. Персеиди, односно метеорски роеви, е специфичен по метеорите кои се многу „поогнени“ и посветли од типичните. Оваа година се очекува вистински спектакл на небото, имајќи предвид дека во време на овој метеорски дожд месечината ќе …

Ноќеска доаѓа дожд од метеори Read More »

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути


На граничниот премин Табановце попладнево за излез од државата се чека половина час, а на граничниот премин Богородица околу 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото стојзот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини …

На Табановце се чека половина час, на Богородица до 15 минути Read More »

СДСМ чека ВМРО-ДПМНЕ да каже „да“ или „не“


  Политички жешка завршница на летото ја очекува Македонија поради есенскиот референдум за името, а особено поради тактизирањата на опозицијата да го каже нејзиниот став во однос на поставеното прашање. Веќе следната недела ќе почне да се загрева кампањата, иако нејзиниот официјалниот старт е на 10 септември. Повеќето владини функционери се вратија од одмор и …

СДСМ чека ВМРО-ДПМНЕ да каже „да“ или „не“ Read More »

Адеми ја повика дијаспората помасовно да гласа на референдумот


Своето право на глас на претстојниот референдумз закажан за 30-ти септември, македонските иселеници во дијаспората ќе можат да го остварат во дипломатските конзуларни претставништва. Рокот за пријавување по електронски пат е од 9-ти до 23 –ти август. Министерот Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика иселениците масовно да излезат на гласање. – Како што …

Адеми ја повика дијаспората помасовно да гласа на референдумот Read More »

Десет африкански пингвини напролет доаѓаат во Скопје


Десет пингвини од расата блек фут напролет ќе дојдат во Скопје од Виенската зоолошка градина. Пингвините се со африканско потекло и можат да живеат и во топли и во ладни услови. Дотогаш, за нив ќе се доизгради живеалиштето кое ќе има и затворен и отворен дел. Директорот на Скопската зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски вели дека …

Десет африкански пингвини напролет доаѓаат во Скопје Read More »

СДСМ: Филипче нема никаква поврзаност со јавните набавки


ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести за да го покрие деструктивното однесување за клучните прашања за иднината, во здравството се работи транспарентно и одговорно, реагира со соопштение владејачката СДСМ по обвинувањата за тендерите на хематологија. „Фактите говорат дека Министерот за здравство нема ниту мандат ниту каква било поврзаност со овие јавни набавки за јавните установи, односно постапките …

СДСМ: Филипче нема никаква поврзаност со јавните набавки Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за тендерите за набавките на Хематологија


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче за тендерите за набавките на клиниката за хематологија. Тие обвинуваат дека директорката на клиниката, Ирина Пановска Ставридис доделила три тендери во вредност од три милиони евра на веледрогеријата „д-р Пановски“, која е во сопственост на нејзиниот татко. „Доколку тоа што Директорката на клиниката, Ирина Пановска …

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за тендерите за набавките на Хематологија Read More »

НСЗП бара повеќе бодови и проценти при пресметка на плата за затворските службеници


Додавање бодови во пресметката на плата на затворски службеници со средно образование, проценти на овластувања и ризик на работа, како и пензионирање со ефективни 30 или вкупно 40 години стаж со 80 проценти од најдобрите десет години, се дел од одредбите кои од Независниот синдикат на затворската полиција (НСЗП) бараат да бидат опфатени во новиот …

НСЗП бара повеќе бодови и проценти при пресметка на плата за затворските службеници Read More »

Акциска контрола на МВР за откривање организатори на диви трки


При акциска контрола на МВР за откривање и санкционирање на возачи кои организираат и учествуваат во диви трки, вчера на подрачјето на СВР Скопје биле одземени девет сомнителни мотоцикли. Како што соопшти МВР, акцијата се одвивала од 18 часот вчера, до еден часот утринава, а била спроведена Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот …

Акциска контрола на МВР за откривање организатори на диви трки Read More »

Скопјанец претепан на кеј, по десетина дена починал во болница


Скопјанец кој пред десетина дена бил претепан на Кеј, вчера починал во болница, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 3 август, во 2 часот по полноќ на улицата „Кеј 13-ти Ноември“. Непознато лице го нападнал шеесет и шестгодишниот скопјанец и го претепал. Со модринки на левото око и расекотина на десниот …

Скопјанец претепан на кеј, по десетина дена починал во болница Read More »